Се пренесува дека грижата ја измила солзата
Се пренесува дека грижата ја измила солзата, срцето го освежило сеџдата, сонот го остварил довата, а животот проткаен со верување во Аллах и во Неговата одредба е исполнет со разновидни вкусови и плодови.
Се пренесува дека грижата ја измила солзата, срцето го освежило сеџдата, сонот го остварил довата, а животот проткаен со верување во Аллах и во Неговата одредба е исполнет со разновидни вкусови и плодови.
Првенецот на првите и подоцнежните, Аллаховата милост кон световите, Мухамед ибн Абдулах ﷺ, тој бил најпосветен на својот Господар, имал најголема стравопочит пред Него, најмногу се плашел од Неговата лутина, казна и страдање. Возвишениот Аллах го вдахнал со истигфар (барање прошка) и покајание, и тие влегле во секоја пора на неговото битие. Се пренесува од Ебу-Хурејре, радијаллаху анху, дека рекол: „Го слушнав Аллаховиот Пратеник ﷺ дека рекол: ,Се колнам во Аллах, јас од Аллах барам прошка и се каам кај Него повеќе од седумдесет пати на ден.‘“ (Бухари)
Од Сад б. Ебу Векас, радијаллаху анху, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Нема верник кој ќе го погоди неволја, па ја каже довата која Јунус, алејхис-селам, ја кажувал во стомакот на рибата: ,Ла илахе илла енте субханек, инни кунту минез-залимин – Нема Бог освен Тебе, фален нека си Ти, навистина јас сум од оние кои кон себе се огрешиле‘ – а Аллах да не му ја прифати довата и да не го спаси од неволја.“ (Бележи Тирмизи и други)
Се пренесува од Ебу Хурејре, радијаллаху анху, дека Пратеникот рекол: _„Кој ќе каже ла илахе иллаллах вехадеху ла шерике леху, лехул-мулку ве лехул-хамду, ве хуве ала кулли шеј’ин кадир на почетокот на денот, десет пати, ќе има награда како да ослободил десет роба, и ќе му бидат впишани сто добри дела и избришано сто гревови, и тој ден ќе биде заштитен од шејтанот сè додека не се стемни. Подобар од него е само оној кој ќе го направи тоа повеќе пати.“ (Бухари и Муслим)
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот ﷺ рекол: „Силниот верник е подобар и подраг кај Аллах од слабиот и нејак верник, но и кај двајцата има добро. Држи се до она од што ќе имаш корист, од Аллах барај помош и не потклекнувај. Ако те снајде нешто, немој да кажеш: ,Камо да направев така и така‘, туку кажи: ,Аллах одредува и Тој прави што сака‘, бидејќи зборовите ,камо да‘ му отвораат на шејтанот простор да делува.“
(Муслим, Сахих, бр. 2664, Ибн Маџе, Сунен, бр. 79, и Ахмед, Муснед, 2/366 и 370.)
Аллаховиот веровесник Давуд, алејхис-селам, цврст верник, кому Аллах му дал власт, веровесништво и способност за расудување, откако согледал дека отстапил од вистината во пресудата со која им пресудил на двајца парничари, побрзал кон својот Господар, барајќи прошка од Него: „И Давуд се увери дека Ние токму него на искушение го ставивме, па за прошка од Господарот свој замоли, падна со лицето на тло и се покаја. И Ние тоа му го простивме, и тој Ни е навистина близок и прекрасно престојувалиште го чека.“ (Куран, 38:24-25)
Во секое создание се наоѓаат јасни докази кои укажуваат на големината на неговиот Создател, и на убавината на Неговото создавање. Возвишениот Аллах секој човек го повикува да размисли за себе и за своето создавање: „А и во вас самите – зарем не гледате?“ (Куран, 51:21), бидејќи на тој начин човекот ќе ја разбере големината на Создателот.
Стремежот кон Аллаховото простување, кој ги кренал од нивните постели и ги донел пред нивниот Господар, упорно да Го молат и од Него да бараат милост и опрост, со понизни срца, отворени души и насолзени очи, била особина и пат на Аллаховите пратеници. Адем, алејхис-селам, понизно и посветено, го молел Аллах: *„,Господару наш,‘ – рекоа тие – ,самите себеси насилство си сторивме, и ако Ти не ни простиш и не ни се смилуваш, сигурно ќе бидеме изгубени.‘“ (Куран, 7:23)
Искушението, на оној што ќе се стрпи во него, му донесува голема награда, голем степен кај Аллах и простување на гревовите што, на крајот го претвора во милост и благодат, како што се наведува во хадисот кој го бележи Бухари и Муслим од Ебу Сеид ел-Худри, радијаллаху анху, дека Аллаховиот пратеник рекол: „Муслиманот нема да го снајде ни замор, ни болест, ни грижа, ни тага, и нема ни трн да го избоде, а Аллах поради тоа да не му прости некои од неговите гревови.“
Во хадисот кој го бележи Тирмизи со добар сенед од Енес инб Малик, радијаллаху анху, Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Колку е поголемо искушението, поголема е и наградата. Кога Возвишениот Аллах ќе засака еден народ, Тој го става на искушение, па кој ќе биде задоволен, и Аллах ќе биде задоволен со него, а кој ќе се налути, и Аллах на него ќе се налути.“
Оваа книга е наменета за жените кои не го прифатиле исламскиот начин на облекување од незнаење или поради овосветски страсти.
Читај