Бисмиллах...
Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!

Добредојдовте!

Тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види, и тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види! (Куран, 99:7-8)

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

23 Aug, 2024| Рамазан

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...

23 Aug, 2024| Рамазан

Последните 10 дена од рамазан

Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....

23 Aug, 2024| Рамазан

Дови

Куранска Дова

„Упати нè на Вистинскиот пат. На патот на тие врз коишто Твојата благодат ја разлеа, а не на патот на тие врз коишто гневот Свој го разлеа и на тие што во заблуда скршнаа!“

Дова за заштита од тага и грижа

Од Пратениковите дови, кои чуваат и штитат од грижата и тагата пред да се случат, се неговите зборови: „Аллахумме инни еузу бике минел-хемми вел-хазени, ве еузу бике минел-аџзи вел-кесели, ве еузу бике минел-џубни вел-бухли, ве еузу бике мин галебетид-дејни ве кахрир-риџали.“ (Во превод: Аллаху мој, барам засолниште кај тебе од грижата и тагата, и барам засолниште кај тебе од немоќта и мрзеливоста, и барам засолниште кај тебе од оптовареноста со долг и потчинетост кон луѓето.)

Зацврсти нè во верата Твоја

Истрајноста и цврстината на Вистинскиот пат се едни од најважните и највредните работи. Една од довите на Веровесникот ﷺ била: „Зацврсти нè во верата Твоја.“ (Ибн Маџе)

Биди добар, чини добро!

Следи не на нашата Viber група и добивај секојдневни совети и занимливости!

Viber - # Верата е совет
500+
членови

Верата е совет

Кој ќе му помогне на својот брат кога ќе му биде потребно и Аллах нему ќе му помогне

Пратеникот ﷺ рекол: „Кој ќе му помогне на својот брат кога ќе му биде потребно и Аллах нему ќе му помогне...“ (Муслим) Правата и вистинска среќа не е во натрупувањето на богатство и градењето на замоци, ниту во купувањето на облека и автомобили, туку вистинска среќа е да внесеш радост и среќа во срцата на другите луѓе.

Возвишениот Аллах ги одликувал побожните со Својата поддршка и помош и ги дарувал со Својата љубов.

Возвишениот Аллах ги одликувал побожните со Својата поддршка и помош и ги дарувал со Својата љубов. „Меѓутоа, кој си ја исполнува својата должност и ги избегнува гревовите, па Аллах навистина ги сака богобојазливите.“ (Куран, 3:76). Катаде рекол: „Кој се плаши од Аллах, Аллах ќе биде со него, а оној со кого е Аллах, никој не може да го победи. Тој е негов чувар, кој никогаш не спие и водич кој никогаш нема да го однесе на погрешен пат“.

Дали се грижеме за нашите или туѓите дела?

Колку повеќе се грижите за постапките на другите – имате помалку време да работите на себе, да ги преиспитувате вашите постапки, да ги следите скриените ниети на вашата душа и срце! Господару, подобри ја нашата состојба, прочисти ги нашите ниети, направи нè корисни членови на муслиманската заедница. Амин!

Чесниот Куран е душата, силата, опстанокот, гордоста и среќата на уметот

Чесниот Куран е душата, силата, опстанокот, гордоста и среќата на уметот. Возвишениот вели: „Овој Куран води кон единиот исправен пат, и на верниците кои прават добри дела им носи радосна вест, дека ги чека награда голема.“ (Куран, 17:9)

Постојано барање прошка

Иако треба постојано да правиме тевба, особено е важно да ги искористиме овие мубарек денови и да правиме покајание колку што е можно повеќе за да ги свртиме нашите срца кон ибадетот. Потребно е да упатуваме многу дови, не заборавајќи на браќата, роднините, пријателите, а посебна дова треба да упатиме за состојбата на уметот.

Ако ги казниш, робови се Твои, а ако им простиш, Силен и Мудар си Ти!

Имамот Ахмед запишал во својот Муснед дека Пратеникот ﷺ поминал една ноќ во намазот, рецитирајќи само еден стих, го рецитирал и го повторувал до сабах: „Ако ги казниш, робови се Твои, а ако им простиш, Силен и Мудар си Ти!“ (Куран, 5:118)

Бесплатна Книга

Еден ден во куќата на Божјиот пратеник ﷺ

Абдул Мелик Ел Касим

Доволно е да проживееме еден ден во куќата на пратеникот Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, да извлечеме поуки и инспирации и да ги просветлиме нашите зборови и дела.

Читај