Бисмиллах...

Верата е совет

Знаци за примање добро дело кај Аллах џ.ш

Еден од знаците за примање добро дело кај Аллах џ.ш., е да се направи уште едно добро дело после него. Рекол Сеид Ибн Џубејр, Аллах да му се смилува : „Наградата за доброто дело е ново добро дело после него, а казната за гревот е нов грев после него“.

Аллах, нека е Славен, ветил дека ќе ја чува оваа вера

Аллах, нека е Славен, ветил дека ќе ја чува оваа вера, и ние гледаме дека таа, без разлика на големото временско растојание, од нејзиното настанување па до денес, различни околности низ кои поминала, благосостојба и сиромаштија, многу војни и немири, останала чиста, целовита и јасна, како да е Објавата спуштена денес.

Во тешки моменти, човекот ќе има смиреност онолку колку што мисли за неа и онолку колку што е присутна во неговото срце.

Во тешки моменти, човекот ќе има смиреност онолку колку што мисли за неа и онолку колку што е присутна во неговото срце. Таа е поврзана со силна врска со искреноста на срцето, која само Аллах ја препознава, и таа нема да биде дадена на срце исполнето со сомнеж и колебливо, ниту на срце во кое нема вистинско уверување, како што беше, кога Аллах рече: „Тој знаеше што е во срцата нивни, па спушти спокој врз нив, и ќе ги награди со блиска победа.“ (Куран, 48:18)

Запомни дека твоето дете го воспитуваш со своите постапки и дела, а многу малку со зборови.

Запомни дека твоето дете го воспитуваш со своите постапки и дела, а многу малку со зборови. Ако децата видат дека им ја навредувате нивната мајка, дека ја омаловажувате и злоставувате, тогаш е речиси безвредно утре да им кажете дека не им е убаво некого да навредуваат или омаловажуваат. Постапката и делото се врежуваат во меморијата, а зборовите многу лесно се забораваат.

Израдувај ги со потполно светло на Судниот ден тие кои во мракот одат во џамија

Аллаховиот Пратеникот ﷺ, посебно потенцирал за доаѓањето во џамија на сабах и јација, значи на ноќните намази, кои секако се потешки за извршување од дневните. Зборувајќи за одењето на ноќните намази во џамија, ветил посебна награда велејќи: „Израдувај ги со потполно светло на Судниот ден тие кои во мракот одат во џамија. “ (Тирмизи) „Кој ќе клања јација во џемат, како да ја поминал половина ноќ во намаз, а кој ќе клања и сабах во џемат, како цела ноќ да ја поминал во намаз.“ (Муслим)

Знај дека снабдувањето не доаѓа од трудот на трудбеникот

Рекол Абдулах ибн Месуд: „Убеденост е да не бараш човечко задоволство со лутината на Аллах, да нѐ му завидуваш на никој поради тоа што Аллах џ.ш го снабдил и да не го укориш на никој поради кое Аллах џ.ш ти ја ускратил некоја работа. Знај дека снабдувањето не доаѓа од трудот на трудбеникот, нити може да ја спречи нечиј презир. Аллах џ.ш од своја праведност, знаење и мудрост, направил радоста и одморот да бидат во убедувањето и задоволството, а тагата и грижата во сомнежот и гневот.“ (Преданието го бележи ибн еби Дуња во Јекин 118стр.)

Бесплатна Книга

Куран

Аллах џ.ш.

Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот! Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.

Читај