Бисмиллах...

Верата е совет

Аллаху мој, помогни ми често да Те спомнувам, да Ти се заблагодарувам и исправно да Те обожавам.

Пратеникот ﷺ му рекол на Муаз ибн Џебел, радијаллаху анху: „О, Муазе, се колнам во Аллах, јас многу те сакам, и те советувам по секој намаз да не пропуштиш да кажеш: „Аллаху мој, помогни ми често да Те спомнувам, да Ти се заблагодарувам и исправно да Те обожавам.“ (Ебу Давуд и Несаи во Сунен, со добар синџир на пренесувачи)

Човекот е навистина неправеден и неблагодарен.

Возвишениот Аллах вели: „Аллах е Создателот на небесата и на Земјата; Тој го спушта дождот од небото и прави со негова помош да се раѓаат плодови со кои се храните; и ви дава да имате корист од бродовите кои пловат по морето со Негова волја, и ви дава да имате корист од реките, и ви дава да имате корист од Сонцето и од Месечината, кои постојано се движат, и ви дава да имате корист од ноќта и денот; и ви дава од сето тоа што од Него го барате, и кога би ги броеле Аллаховите благодати, не би можеле да ги наброите. Човекот е навистина неправеден и неблагодарен.“ (Куран,14:32-34)

Тој е упатство и лек за верниците.

Кога те обземат темнината на грижите и тешкотиите, ти цврсто држи се за книгата на својот Господар, читај ја, размислувај за нејзините ајети и постапувај во согласност со нив. Таа е светлина на срцето и лек за сите несреќи. Возвишениот вели: „О, луѓе, веќе ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за вашите срца, и упатство и милост за верниците.“ (Куран, 10:57) и Возвишениот вели: „Кажи: ,Тој е упатство и лек за верниците.‘“ (Куран, 41:44)

Дуњалукот не опстојува во една состојба

Дуњалукот не опстојува во една состојба, туку човекот поминува низ состојби на вознемиреност и тага и фази на загриженост и грижа, поради различни причини и во различни форми, а единствениот спас и излез во сите овие ситуации е искреното обраќање кон Аллах и понизност пред Возвишениот Господар. Возвишениот Аллах вели: „Ние добро знаеме дека ти е тешко во душата поради тоа што тие го зборуваат, затоа слави Го Господарот свој и заблагодарувај Му, и извршувај сеџда и обожувај Го Господарот свој сè додека не ти дојде смртта!“ (Куран,15:97-99)

Решението за вашите проблеми се наоѓа помеѓу твоето чело и земјата пред тебе

Решението за вашите проблеми се наоѓа помеѓу твоето чело и земјата пред тебе. Спушти го челото на сеџда и побарај помош од Господарот свој. Возвишениот му вели на својот пратеник Мухамед ﷺ: „Ние добро знаеме дека ти е тешко во душата поради тоа што тие го зборуваат, затоа слави Го Господарот свој и заблагодарувај Му, и извршувај сеџда.“ (Куран, 15:97-98)

Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш

Кога муслиманот прави добро дело, тој е должен да го чува, а најважното нешто што може да го направи во овој поглед е да се чува од ширк – припишување содружник на Аллах, бидејќи тој ги уништува добрите дела. Возвишениот вели: „А тебе, и на тие пред тебе им било објавено: ,Ако други на Аллах за рамни Му припишуваш, твоите дела сигурно ќе пропаднат, а ти изгубен ќе бидеш.'“ (Куран, 39:65)

Стравувајте од Денот кога родителот на детето свое нема да може ни малку да му помогне, ниту пак детето ќе може на својот родител барем малку да му помогне

Денес е тешко да се помисли дека родителот не би му помогнал на своето дете или дека детето не би му пришло на помош на својот родител. Но, веќе утре ситуацијата ќе биде многу поинаква: „О, луѓе, плашете се од Господарот свој и стравувајте од Денот кога родителот на детето свое нема да може ни малку да му помогне, ниту пак детето ќе може на својот родител барем малку да му помогне! Аллаховата закана е вистинита!“ (Куран, 31:33)

Затоа само кон Него искрено управете Му се и од Него прошка барајте!

Дури и на патот на истрајноста, човекот е подложен на грешки и слабости, и затоа Возвишениот вели: „Затоа само кон Него искрено управете Му се и од Него прошка барајте!“ (Куран, 41:6) Секогаш кога ќе направи грев, ќе побрза да се покае, ќе се врати кај Аллах и ќе настојува да ја подобри својата состојба и ќе истрае во правењето добри дела, колку и да се мали, додека не го сретне својот Господар.

Благодатите се зголемуваат со благодарност

Благодатите се зголемуваат со благодарност, а оној што ќе изврши ибадет и ќе му се заблагодари на Аллах што го извршил, Аллах ќе му олесни да изврши друг ибадет, после тоа, за да ја постигне наградата. Возвишениот Аллах вели: „А тие што се на Вистинскиот пат Тој Упатството и ќе им го зголеми и ќе им ја зацврсти нивната богобојазливост.“ ( Куран, 47:17)

Бесплатна Книга

Што вели Библијата за Мухаммед ﷺ

Ахмед Дидат

Оваа брошура е мошне популарна подари едноставиот и концизен пристап кон темата: „Што вели Библијата за Мухаммед ﷺ“.

Читај