Намирисај се со добар ахлак, ќе мириса и по твојата смрт
Секогаш кога правиш добро со тивок глас, тоа утре гласно ќе зборува за тебе , дури и ако е под земја. Намирисај се со добар ахлак, ќе мириса и по твојата смрт.
Секогаш кога правиш добро со тивок глас, тоа утре гласно ќе зборува за тебе , дури и ако е под земја. Намирисај се со добар ахлак, ќе мириса и по твојата смрт.
Возвишениот Аллах влева кај верниците надеж во Неговата милост, ги поттикнува да тежнеат кон Неговиот опрост и ги поврзува нивните надежи за Својот опрост, па вели: „Кажи: ,О, робови Мои кои кон себеси во гревовите претерувавте, не губете надеж во Аллаховата милост! Аллах, сигурно, сите гревови ќе ви ги прости; Тој, навистина, многу простува и Тој е Милостив.‘“ (Куран, 39:53) И Возвишениот уште вели: „А милоста Моја опфаќа сè; ќе ја дадам на тие кои од гревовите ќе се чуваат и зекат ќе даваат, и на тие кои во доказите Наши ќе веруваат.“ (Куран, 7:156)
Ни пристигна зимата! Да се погрижиме за немоќните, да им помогнеме при зимскиот студ, да им обезбедиме храна, облека и постелнина, и да се надеваме на наградата кај Аллах на Денот на средбата со Него. Возвишениот вели: „Доброто што го давате е ваше, давајте само со желба за Аллаховото лице! А тоа што од имотот ќе го дадете на другите ќе ви биде потполно надокнадено и нема да ви биде направена неправда!“ (Куран 2:272)
Благородниот човек брза да стори добро што е можно порано, а расипаниот го одолговлечува правењето добро и бега од него. Хасан ел-Басри
Кој од Возвишениот Аллах бара нешто од дуњалукот, пред таа дова нека направи истигфар и тевба, бидејќи гревовите се тие што го спречуваат нејзиното примање или го поместуваат.
Сулејман, алејхис-селам, упатил истигфар кон својот Господар пред барањето власт:
{ قَالَ رَبِّ ٱغۡفِرۡ لِی وَهَبۡ لِی مُلۡكࣰا لَّا یَنۢبَغِی لِأَحَدࣲ مِّنۢ بَعۡدِیۤۖ إِنَّكَ أَنتَ ٱلۡوَهَّابُ }
„Господару мој“ – рече –„прости ми и подари ми власт каква никој, освен мене, нема да има! Ти Си навистина Тој што богато дарува!“ (Куран, 38:35)
(Шејх Абдулазиз Тарифи, хафизехуллах)
Абдулах б. Омер, радијаллаху анху, рекол: „Дошол некој човек кај Веровесникот ﷺ и го прашал: ,Аллахов Пратенику, колку пати ќе му ги простам грешките на мојот слуга? Веровесникот ﷺ, замолчал. А тој го повторил прашањето и по трет пат, а Пратеникот рекол: ,Седумдесет пати дневно.‘“ (Ебу Давуд-сахих)
Правилното мислење и побожноста се најдобри дела. Кој ќе го уреди својот живот според нив, сигурно е дека ќе се спаси. Секој друг нека го преиспита своето живеење. Правилното мислење е како огледало во кое се разделуваат добрите од лошите дела. Кој ќе се потпре врз правилното мислење ќе се спаси, а кој ќе го запостави, ќе пропадне. Хасан Ел Басри
Некогаш се ценеше зборот на паметниот човек. Денес неписмените го нарекуваат лудак ако не застане на нивната страна.
Единствената врата на која не треба да се тропне е Аллаховата врата.
Единствениот состанок за кој не е потребен термин е молитвата-довата.
Единственото извинување кое никогаш не може да се отфрли е искреното покајание-теубата.
„Па зошто не ја погледнат камилата како е создадена, и небото како е воздигнато, и планините како се поставени, и Земјата како е прострена?!“ (Куран, 88:17-20)
Целата природа е покорна на Аллах, но покорноста на Аллах му е поставена како должност и на човекот. Сето наведено укажува на тоа дека една од најголемите обврски, на кои упатуваат и разумот и шеријатот, е спознавањето на големината на Создателот, Кој нè создал и Кому едноста и единственоста (вахданијјет) Му ја признава сè што постои. Во секое создание се наоѓаат јасни докази кои укажуваат на големината на неговиот Создател, и на убавин
Исламските освојувања и односот на муслиманската војска спрема оние против кои војувала и чиишто држави освоила.
Читај