Бисмиллах...

Верата е совет

Лошото мислење за другите муслимани може да го наведе човекот на следење и шпионирање.

Лошото мислење за другите муслимани може да го наведе човекот на следење и шпионирање. Лошото мислење, на крајот, може да предизвика човекот да го кажува она во што не е сигурен, и го прави она што воопшто не му прилега. Пратеникот ﷺ рекол: „Чувајте се од сомнежот, бидејќи сомнежот е најлажливиот говор, и не шпионирајте се едни со други.“

Муслиманот е суштество кое има свое достоинство и вредност

Муслиманот е суштество кое има свое достоинство и вредност, и Аллахово создание чија позиција и приватност ги заштитил Шеријатот од нечие нарушување и вознемирување. Возвишениот вели: „О, верници, не прашувајте за тоа што ќе ви причини непријатност ако ви се објасни.“ (Куран, 5:101) Шеријатските текстови ја нагласуваат важноста на затворањето на сите приоди кои водат кон нарушување на приватноста на муслиманот. Возвишениот вели: „И не шпионирајте се едни со други.“ (Куран, 49:12)

Делење садака во првите 10 дена од месецот зул-хиџе

Возвишениот Аллах рекол: „О, верници, дајте дел од тоа со што Ние ве снабдуваме, пред да дојде Денот кога нема да има ни откупи, ниту пријателства, ниту посредништва! А неверниците се навистина неправедни!“ (Куран, 2:254) Затоа, пофално е да ги разубавите овие денови и со тој ибадет.

Бесплатна Книга

Што вели Библијата за Мухаммед ﷺ

Ахмед Дидат

Оваа брошура е мошне популарна подари едноставиот и концизен пристап кон темата: „Што вели Библијата за Мухаммед ﷺ“.

Читај