Несомнено е дека ширењето на неморалот – како што се алкохолот, коцкањето, блудот, проституцијата, дрогата, митото и корупцијата е една од клучните причини за страдањето и пропаста на претходните народи, цивилизации и култури. Кога неморалот се шири во еден народ или општество, тој народ тргнал на патот на самоуништувањето. Една од неволјите што ја зафатија нашата планета и нашиот народ, а од кои станаа зависни и млади и стари, се коцкањето, казината и обложувалниците.
Коцкањето во исламот е забрането (харам). Исламот ја забранил секоја форма на коцкање и обложување, без разлика како се нареку