Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Пратеникот ﷺ вели: „Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен.“ Кога станува збор за полнолетство, тука значи станува збор за полнолетство според шеријатот, а не според световниот закон, односно 18 години.
Знакот на полнолетство, според шеријатот, кај мажите е полуција (исфрлање на спермата), додека кај жените тоа е појава на месечиот циклус. Ако ништо од горенаведеното не се случи, тогаш лицето станува полнолетно кога ќе наполни 15 години. Без разлика на наведеното, тоа не значи дека не треба да бараме од децата да постат. Исламот нè учи дека децата треба да ги навикнеме на извршување на шеријатските прописи од седумгодишна возраст, а кога ќе наполнат 10 години, треба да се воведат одредени санкции доколку не се во согласност со шеријатските прописи.
Родителите треба да се грижат за физичката сила на детето. Така, ако детето е слабо, нема да го тераат да пости, без разлика што наполнило 10 години. На таквите деца треба да им се дозволи да станат посилни. Од децата не треба веднаш да се бара да постат цел рамазан. На самиот почеток навикнете ги децата со тоа што ќе им кажете да постат до пладне, па ќе се навикнат. Кога ќе се навикнат, тогаш нека постат два-три дена. Потоа сѐ повеќе и повеќе додека не стигнат до фазата на постење на целиот рамазан.
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....