Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќе се појави, како и размислувањето за оние кои го напуштиле светот, а кој лани постеле и клањале заедно со нас, а сега се под земја. Да знаел некој од нив дека тоа ќе му биде последен рамазан во животот, без сомнение секоја секунда од рамазанот ќе ја искористел во ибадет и добри дела. Но, ние сè уште сме на дуњалукот и еве имаме уште една голема можност која можеби нема да се повтори следната година, па да не ја пропуштиме.
Секогаш кога некој верник ќе се сети на утрото на Бајрам и на моментот кога имамот од минберот им честита на оние кои го поминале рамазан во ибадет и кои, иншаллах, се наведени меѓу среќниците кои биле ослободени и спасени од џехенемскиот оган, неговото срце чука, неговото дишење е забрзано, го обзема неопислива мисла и почнува да се сеќава на штотуку завршениот рамазан, велејќи си: „Посакувам да спиев помалку за време на рамазан, да го искористев подобро мубарек времето на рамазан. Посакувам да учев повеќе хатми, да делев повеќе садака и да нахранев повеќе луѓе кои постат, камо да правев повеќе истигфар и да не пропуштив ниту еден ден, во времето на ифтар, во зори и после секој намаз, да не ја пропуштев довата“. Нашите добри претходници (селефус-салих) практикувале да читаат посебни дови во текот на целиот рамазан за време на сеџда, после намаз, пред ифтар, во времето на ифтар и во зори.
Опишувајќи го благословениот месец рамазан, имамот Ибнул-Џевзи рекол: „Нема ниту една дова што не е прифатена нема ниту едно добро дело што не се примило, нема ниту едно добро што не е собрано и ниту една штета, без да се отстрани“. Во втората третина од рамазан сме, имаме уште време, па да го искористиме тоа и да не ни се врати гореспоменатото чувство оваа година, утрото на Бајрам. Секогаш да се сеќаваме дека целта на постот не е да го скроти телото и да го навикне да поднесува жед, глад и други неволји, туку да ја скроти душата и да ја навикне да го остави она што го сака и лакомо да копнее по задоволството на Саканиот. Она што душата го сака е јадењето, пиењето и препуштањето на страстите, а Саканиот чие задоволство се бара е Возвишениот Аллах.
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....