Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри дела и да добијат обилни награди.
Нашите најмлади треба да излезат од месецот рамазан со доблести на исламот всадени во нивните срца, како што се сочувството, меѓусебната солидарност, љубовта кон другите муслимани, натпреварот во правењето добри дела, издржливоста, трпението и слично. Пратеникот ﷺ и неговите другари се радувале на доаѓањето на месецот рамазан и наговестувале за неговото доаѓање. Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Ви дојде благословениот месец рамазан, Возвишениот Аллах ви пропиша да го постите...“ (Забележано од Имам Несаи, хадисот е веродостоен, види Сахих Несаи од Шејх Албани)
Нема пречка да им честитаме на нашите деца и да си го честитаат доаѓањето на мубарек месецот рамазан со зборовите: „Аллах да ви даде бериќет во него, ви го честитаме доаѓањето на мубарек месецот рамазан“ и слични зборови. Зошто да не им го честитаме доаѓањето на рамазан на нашите најмали со зборовите: „Сине мој... ќерко моја... Ти го честитам доаѓањето на мубарек месец рамазан, Господ нека ти олесни да го поминеш во ибадети и постот“. На овој начин во нивните срца ќе ја всадиме важноста на месецот рамазан и радоста од неговото доаѓање, за почетокот на рамазанот да не се доживува како почеток на другите месеци. Ќе почувствуваат дека дошол благословениот месец, кој е нивна можност да постигнат добри дела. Исто така, може да се честита крајот на рамазан со молитва Аллах да ги прифати нивните молитви и постови, што секако ќе биде причина тие да се радуваат на следниот рамазан.
Вредноста на месецот рамазан
Месецот рамазан е благословен и полн со различни вредности. Поради оваа причина, пред самиот почеток на месецот рамазан, би требало да ги собереме нашите деца и да им кажеме неколку зборови за вредностите на рамазан: за вредноста на постот, садаката, намазот, хранењето на сиромашните, подготовката на ифтар, ноќниот намаз и таравих намазот, изучувањето на Куранот, итикафот и слично. Познавањето на вредноста на одредена работа предизвикува нејзина почит во срцата на луѓето и нивна желба да ја применат на најдобар начин.
Навикнување на постот
Една од најважните карактеристики на месецот рамазан е постот. Нашите праведни претходници практикувале постепено да ги навикнуваат децата на пост. За да ги навикнат децата на пост, користеле примамливи и прифатливи методи, како што се: навикнување на децата да постат наизменично во рамазанските денови, да се комбинираат одредени часови на пост со други, така што детето не ни забележува дека го прекинало постот, тогаш многу е важно да не инсистираме да докажеме дека не постел во одреден ден, а исто така важно е да му дозволиме на детето да го прекине постот со постачите, на пример со урми или вода, иако не постел итн. Исто така, мора да се внимава на можностите на децата да постат, за да не се одрази негативно на нивното здравје.
Натпревар во правењето добро
Мораме да го објавиме општиот рамазански натпревар во ибадетите: рецитирање на Куранот, зикр, давање садака, првенствено врзување на децата за наградата од Аллах, а потоа и за подароци од наша страна. Во овој сегмент многу е важна практичната страна на натпреварот: заедничко рецитирање на Куранот во група, давање садака пред децата, меѓусебно потсетување на ибадетите итн. Муслиманското семејство треба да работи заедно за да го помине рамазанот во ибадет. Меѓусебната поддршка треба да ги краси нашите домови. Будење на суфур, одење на таравих намаз, читање Куран и особено подготвување ифтар. Зошто да не се разјасни вредноста на ифтар, а потоа да се натпреварува во неговата подготовка? Девојките им помагаат на своите мајки во подготвувањето на ифтар, а момчињата во послужувањето. Навистина ме воодушеви една идеја за подготовка на пакетчиња за ифтар за постачите. Имено, се купуваат мали кеси и секој е одговорен да пакува одредена храна, сокови или овошје во тие кеси. Секој член од семејството го става во вреќа она за што е одговорен и потоа лично им се доставува на постачите. Навистина, ќе најдеме радост во срцата на нашите најмлади заради чинење ибадети кога тие со свои раце ќе му дадат ифтар на постачот.
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....