Бисмиллах...

Потсетување за половината од рамазан

Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан


• Преиспитајте го вашиот ниет. Зошто постите? Дали постите за Аллаховото задоволство и го следите сунетот на Аллаховиот Пратеник ﷺ? Тоа треба да биде вашата главна причина и мотивација.


• Контролирајте го внесувањето на храна и пијалаци во вашето тело. Кога станува збор за храната, мора да бидете многу дисциплинирани. Премногу храна ќе ви го отежне извршувањето на ибадетите како што се таравијата и ноќниот намаз, ќе ве направи поспани и ќе ви отежне да ги имате основите на рационално расудување. Не претерувајте со ништо, особено со храната! Ако се прејадувавте овој рамазан, престанете! Имате уште време до крајот на рамазан да се подобрите, ако даде Аллах.



• Следете ги вашите ибадети, направете план за изучување на хатмата до крајот на рамазан ако сте попуштиле и доцните со учењето. Не оставајте сè за крајот или последните 10 дена од рамазан. Можеби некои од нас нема ни да ги доживеат! Она што можете да го направите денес, не оставајте го за утре. Соберете ги вашите добри дела и не заборавајте дека тие се множат многупати во рамазан!


• Ова е месец на Куранот, не дозволувајте рамазан да помине без да направите барем една хатма од Куранот и без да прочитате превод или тафсир на Куранот, за ваше разбирање, размислување и примена. Колку и да читате, ќе имате севап, ако даде Аллах!

• Избегнувајте одвлекување на вниманието; бегајте од ТВ, компјутер, мобилен телефон, Facebook, Twitter, You Tube. За овие работи ви остануваат уште 11 месеци во годината. Не трошете ја оваа златна можност да добиете прошка од Аллах за вашите гревови! Ова е месец на чистење, затоа не дозволувајте вашиот нефс да ги контролира вашите животи. Не бидете наивни.


• Рамазан нека ви биде отскочна даска до крајот на годината. Усвојувајте нови навики, ослободете се од старите и лошите навики. Променете ги работите на себе кои не ви се допаѓаат или кои се обидувате да ги елиминирате. Обидете се напорно и замолете го Аллах да ви помогне во тоа, бидејќи Аллах сака кога барате помош од Него на патот да се подобрите заради Неговото задоволство.

• Избегнувајте го лошиот говор, пцовките, озборувањето итн. Избегнувајте луѓе и места каде што ве очекува вакво нешто. Не разговарајте без потреба и не трошете драгоцено време што би можело да се потроши во зикр и ибадет. Чувајте го јазикот и своите постапки, особено овој месец.

• Давајте колку што е можно повеќе садака. Ова е месец кога се исплати да се биде дарежлив. Ова е инвестиција чија исплата и профитот ќе се види во идниот свет. Не бидете скржави на себе, бидејќи сè што ќе им дадете на другите ќе се најде на вашата вага во следниот свет. Ова е единствена можност!


• Уживајте во милоста и благодетите на Аллах. Насмевнете се, тоа е од сунет, уживајте во тоа со вашите семејства, роднини, пријатели, џематлиите, искористете го овој благослов за стекнување добри дела. Бидете корисни за вашето семејство и другите муслимани.


• Искористете ја благодетта на довата! Благодетта на ноќниот намаз, сеџдата, предифтарското време...сетете се во вашите дови за сите страдалници и несреќни, болни, гладни и жедни, сираци и оние кои се угнетени. Немојте да бидете скржави во вашите дови за уметот и за другите муслимани, бидејќи не заборавајте дека довата за отсутниот не се одбива, а за секоја дова што ја правите за друг, мелеците исто така велат амин и се молат за вас.

Posted in Новости, Рамазан on Aug 23, 2024.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...