Бисмиллах...

Ален С. Малер

Американски реформациски рабин. Во 1967. година станал духовен лидер на Темпле Акиба, заедница на реформациските Евреи. Ален Малер дипломирал на Универзитетот УЦЛА и на еврејскиот Унион Колеџ. Предавал на Грац Колеџот во Филаделфија, Унион Колеџот, Јудаисм Универзитетот и на Универзитетот Лоуола Марумоунт во Лос Анџелес. Ален Малер е поранешен претседател на Southern California Association на реформациските рабини, а сега е претседател на National Јеwish Hospitality Committee. На својата официјална интернет-страница (www.rabbimaller.com) го претставил текстот: “А reform rabbi learns from prophet Muhammad” (Рефоромацискиот рабин учи од пратеникот Мухамед), во кој, меѓу другото, напишал:

„Божјиот пратеник е добро познат по неговото чувство за правда каде Евреинот можел да му се пожали за конфликт во кој е нападнат од муслиман.“

Потоа навел: „Во седмиот век, кога Мухамед го ширел исламот, речиси сите Евреи од Арабија и од Блискиот исток биле отродоксни Евреи. Да биле Евреите од Медина поотворени кон неговите учења, реформата на јуадизмот би започнала пред тринасет века, наместо пред два века. Како рабин реформатор, за првпат се заинтересирав за исламот кога го студирав на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес, пред педесет години. Го продолжив своето проучување на исламот и од тогаш, веќе некое време, себеси се сметам за реформациски рабин и за муслиман-Евреин. Јас сум муслиман-Евреин, верник-Евреин покорен на Божјата волја, бидејќи сум реформациски рабин. Како рабин, верен сум на сојузништвото кое Бог го склопил со пратеникот Авраам (Ибрахим, мир над него) првиот муслиман-Евреин, и јас ги прифаќам заповедите кои Бог ги склопил со народот на Израел на Синај. Како реформациски рабин, верувам дека еврејските духовни лидери треба да ја менуваат еврејската традиција како што се менуваат и развиваат општествените и историските околности.“

Потоа продолжил: „Муслиман е оној кој ѝ се покорува на Божјата волја и верува дека Бог ги испратил Мухамед, Мојсеј, Давид, Исус, и многу други пратеници на многу народи на светот. Како реформациски рабин верувам дека Мухамед бил пратеник испратен на арапскиот народ, и верувам дека Куранот е вистина за муслиманите, како што Тората е вистина за Евреите.“

За Куранот напишал: „Јас многу го почитувам Куранот како сродна објава, дадена на сроден јазик, на потомците на сроден народ. Силната поддршка која Куранот ѝ ја дава на верската слобода е лекција која им е многу потребна на верските фундаменталисти од сите религии во светот денес. Понатаму, следбениците на сите религии би требале секогаш да го повторуваат ова учење на Божјиот пратеник: ,Пратениците се браќа по верата, имаат различни мајки, но нивната вера е една.‘“

Заклучува велејќи: „Зборовите, обредите, обичаите и специфичните аспекти на етиката и моралот можат да се разликуваат, но целта на животот во хармонија со Божјата волја останува иста.“

Posted in 100-те великани за исламот, Новости on Jul 15, 2023.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...