Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Француски писател, поет и политичар. Бил еден од ретките Французи кој својата книжевна дарба ја комбинирал со политиката. Работел за француската дипломатија во Италија од 1825. до 1828. година. Во 1829. година станал член на Француската академија. Бил министер за надворешни работи од дваесет и четврти февруари до единаесетти декември 1848. година. На првите одржани претседателски избори во Франција, на десети декември 1848. година, Ламартин бил еден од шесте претседателски кандидати. Во своето дело “Histoire de la Turqye” (Историја на Турција, 1854.), за пратеникот Мухамед, Божјиот мир над него, напишал:
„Доколку големината на целта, малоста на средствата и зачудувачките резултати се трите критериуми за човечкиот гениј, кој би можел да се осмели да спореди било кој голем човек во историјата со Мухамед? Знаменитите луѓе изработувале оружје, воспоставувале закони и основале царства, а ги собирале само материјалните, минливи моќи, кои често се распаѓале пред нивни очи. Овој човек (Мухамед, мир над него) не водел само војски, закони, царства, народи и династии, туку предводел милиони луѓе, што во тоа време сочинувало третина од светот. Покрај сето тоа, тој им пресудил на киповите и на празноверието, погрешните верувања, мисли и уверувања. Тој сè базирал на книгата, од која секоја буква станала закон, духовна националност која ги опфаќа народите и расите на секој јазик а тој (Мухамед) е втиснат како неизбришлив пример на оваа муслиманска националност, омразата кон лажните богови и љубовта кон Единствениот, вистински Бог.“
Потоа наведува: „Неговата трпеливост во победата, неговата амбиција која во целост е посветена на една идеја, неговите бескрајни молитви, неговите мистични објави кои ги добивал од Бог, неговата смрт и триумфот по смртта – сето тоа потврдува дека тој не бил измамник, а ниту на било кој начин не се стремел кон царството, туку сè јасно укажува дека му е дадена моќ да ја воспостави верата. А оваа вера има два принципа: единственоста на Бог и Божјите својства; првиот принцип говори што е Бог, а вториот што не е Бог. Првиот им пресудил на лажните богови со меч, а вториот принцип бара зацврстување на уверувањето со зброви.
Филозоф, говорник, пратеник, законодавец, воин, освојувач со идеи, обновител на рационалните верувања, без култ на слики, основач на дваесет земски и едно духовно царство, тоа е Мухамед. Со оглед на сите стандарди по кои може да се мери човечката големина, сакаме да прашаме: ,Дали постои било кој човек поголем од него?‘“
Posted in 100-те великани за исламот, Новости on Jul 16, 2023.
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....