Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Британски ориенталист, арабист и теолог. Студирал теологија и ориентални јазици на Оксфорд Универзитетот. Бил професор по арапски јазик и шеф на Отсекот за Блиски и Среден исток во учили-штето за ориентални и африкански студии на Универзитетот во Лондон. Бил гостински професор по арапски јазик на Универзитетот Принстон во Њу Џерси. Во текот на Втората светска војна, на покана на бритаснкиот Совет станува гостински професор на Американскиот Универзитет во Бејрут. Универзитетот на Истанбул го избрал како свој прв странски предавач на христијанска и исламска теологија. Напишал повеќе книги со исламска тематика, ја превел сирата (биографијата) на пратеникот Мухамед, Божјиот мир над него, од Ибн Исхак на англиски јазик.
Во својата книга „Исла¬мот“, за пратеникот Мухамед, Божјиот мир над него, напишал: „На самиот почеток треба да се истакне дека Мухамед бил една од најголемите личности во историјата, чие надмоќно убедување било дека постои само еден Бог и дека треба да постои една заедница на верници. Неговата способност како државник соочен со вонредно сложени проблеми е навистина неверојатна. Покрај сета војска, полиција и државни служби, ниеден Арап никогаш не успеал да го обедини својот народ како што тоа го направил тој.“ (Alfred Guillaume, Islam, Penguin Books, R and R. Clark Ltd, Edinburgh, стр 23)
За Куранот напишал: „Куранот е едно од светските дела кое не може да се преведе без сериозни губитоци. Тој има ритам со необична убавина и ритам што го маѓепсува увото. Многу арапски христијани зборуваат за неговиот стил со големо восхитување, а мнозинството арабисти ја признаваат неговата исклучителност. Тој поседува квалитет со кој ги замолчува критиките, со своите слатки и неповторливи тонови. Навистина, може да се утврди дека во големата книжевност на Арапите, во нивната поезија и проза, не постои ништо што би можело да се спореди со него.“ Alfred Guillaume, Islam, Penguin Books, R and R. Clark Ltd, Edinburgh, стр 73-74)
Posted in 100-те великани за исламот, Новости on Jul 16, 2023.
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....