Бисмиллах...

Алфред В. Мартин

Англиски писател, автор на многу книги за компаративна религија. Во својата книга “Great religious teachers of the East” (Големите верски учители од Истокот), за исламот напишал: „Оваа религија е основана без преседан во краток рок од дваесет години, и за разлика од многу други религии, без поддршка и покровителство на било кој крал.“

Вршејќи компарација помеѓи христијанската и исламската цивилизација, напишал: „Во текот на тие векови на црковен деспотизам, кога христијанската црква ги потиснала сите интелектуални активности, освен тие што се теолошки, предизвикувајќи тие што репродуцираат да ги заменат гениите кои пронајдуваат, муслиманите направиле сè што е во нивна моќ да поттикнат и стимулираат истражувања во секоја област на човечкото трагање. Ниеден средновековен папа или бискуп никогаш не му испратил благодарница на мислителот за научното откритие, но исламскиот верски научник му испратил честитки со желби за благослов од Бог на Ал-Хасан, за неговото откритие на фундаменталниот закон во оптиката. Кога Лондон бил град на јазбини и смрдеа, така што никој не можел да го дише неговиот загаден воздух без последици, Кордоба била прочуена по својата чистота и убавина на нејзините улици и пазари. Ние денес ги украсуваме нашите ѕидови и подови со ткаенини кои муслиманите нè научиле да ги ткаеме. Ние ги задоволуваме нашите сетила со мирисите кои тие нè научиле да ги правиме, им ја пренесуваме на децата алгебрата и вишата математика кои тие ја подучувале.

Ми се чинеше суштински важно формирањето на праведно и правилно разбирање на Мухамед и неговото дело, да се направат овие прелиминарни наводи, најмногу поради тоа што сè уште е распространето мислењето дека долгот е на страната на муслиманите, то ест, дека тие му должат на цивилизациското делување на христијанството за нивното постепено излегување од полуварваризмот! А може ли да си дозволиме да заборавиме колку ќе беше поинаква христијанската цивилизација да не постоеше добротворната посветеност на културата на средновековните муслимани?“

За пратеникот Мухамед, Божјиот мир над него, напишал: „Многупати Мухамед бил обвинуван дека ги заговарал полигамијата и ропството. Но, дали неговите критичари запреле да размисливаат дека тие појави постоеле векови пред него и дека тој сторил сè што можел за да ја подобри состојбата на робовите и положбата на жената. Од неколку курански сури (поглавја) дознаваме дека се наредува љубезно постапување со робовите, а чинот на нивно ослободување се наведува како дело за кое сопственикот на робот ќе биде обилно награден во Рајот.“

Потоа додава: „Не постои ништо во историјата на религиите што е позначајно од начинот на кој Мухамед ги вградил своите трансформирачки идеи во постоечкиот општествен систем на Арабија. Мора да се каже дека е негова заслугата за подигнување на повисок степен на животот на заедницата во неговото време и место; го постигнал она што јудаизмот и христијанството не можеле да го постигнат во средновековна Арабија. Дури и повеќе, во исполнувањето на таа цивилизациска работа Мухамед ѝ пружил непроценлива услуга не само на Арабија, туку и на целиот свет.“

Posted in 100-те великани за исламот, Новости on Jul 16, 2023.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...