Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Аллаху Екбар! Аллаху Екбар! Се слушна глас... Неверојатно чувство... Среќа и солзи во исто време. Тоа е тоа! Знаев дека ќе го прифатам исламот. Сега сум сигурна. Но, како започна сето тоа? Родена сум во христијанско семејство кое ја почитува сопствената религија и култура. Ова доведе до моето размислување за постоењето и неговата цел на поинаков начин. Секогаш верував во Бог.
Додека учев арапски, се заинтересирав за исламот. Се разбира, читав за тоа низ студиите и историјата на исламот, сакајќи да научам што повеќе. Читав литература и секој пат како нешто во мене да бараше да дознаам повеќе. Полека почна да се раѓа скриена љубов. Секогаш кога нешто не ми беше јасно, ја прашував мојата колешка, муслиманка, која секогаш ги имаше одговорите. Секој пат одговорот се совпаѓаше со моите чувства. Тоа би го потврдило она што долго време сум го барала. И тогаш, што се случуваше?
Никогаш нема да го заборавам тој ден. Тоа беше мојата прва средба со Аллаховата книга, Светиот Куран. Една пријателка од Ирак имаше книга со украсена корица со прекршувачка светлина. Таа ja зеде, откако ja исчисти, и почна да ги прелистува страниците објаснувајќи одредени содржини. Бев изненадена од зборовите што произлегоа од оваа Книга. Разбрав дека тоа не може да биде говор на човек или ангел, туку на Бог.
Она што ми се приближи на срцето и го зацврсти моето убедување е единството на Создателот: „Кажи: Тој е Аллах, Еден е. Аллах е прибежиште секому. Не родил и не е роден; и никој не Му е рамен“. (Куран, Ел-Ихлас, 1-4) Да, сето горенаведено се совпаѓа со моето претходно верување.
Го зедов Куранот во раце. Конечно како да сретнав некој долгоочекуван и посакуван. Само требаше вистинскиот момент. Знаев дека наскоро ќе го прифатам исламот.
После тоа, се упатив дома чувствувајќи нов почеток, Патот на вистината и спокојството. Размислував за Бога и Му се заблагодарив. Потсвесно Го молев да ме води кон Вистината. Тоа го направив од самиот почеток. Додека шетав, немав поим што ќе дојде после ова чувство на убавина. За мене беше важно да бидам блиску до Вистината, на нејзината врата.
Настапи рамазан, тоа не беше толку одамна. Иако сè уште не го бев прифатила исламот, постев. Тоа го сакав. Тоа ми беше лесно. И беше прекрасно. Познавајќи одредени прописи на Аллаховата вера, влегов во исламот знаејќи дека наскоро јавно ќе го прифатам, но не сфаќајќи што ме чека на тој пат.
Дојде 2000. година. Отидов на патување преку факултетот. На тоа патување моите чувства ќе достигнат врв кога ќе го слушам прекрасниот повик. Го слушнав повикот за молитва. Мислам дека тогаш ги разбрав сите зборови, иако не го знаев буквалниот превод. И така, на враќање доживеав ново раѓање. Го изговорив шехадетот: Ешеду енла илахе иллаллах ве ешхеду енне Мухамеден абдуху ве расуллуху. Благодарност на Аллах!
Започна новиот живот, бидејќи без исламот нема вистински живот. Човекот талка во потрага по вистината и Возвишениот Аллах, му овозможува да ја пронајде. Елхамдулиллах, денес сум муслиманка. Јас сум горда на тоа. Јас не обожувам икони или луѓе. Јас го обожувам Единиот Бог. Јас не барам да им се покорувам на луѓето, туку на Господарот на луѓето. Некои ќе речат дека се изневерив себеси и своите, но јас сум тоа што го чувствувам во срцето.
Не можев да верувам дека сум се променила, покрај толку многу луѓе кои талкаат во мноштво заблуди. Сакав да им кажам на сите, сакав да им објавам на сите: „Еј луѓе! Зарем не гледате дека талкате и дека сте го изгубиле патот! Барајте одговори за да излезете од таа темнина, размислете кој ве создал, кој ве контролира, од каде доаѓаме! Дали е тоа еден Бог или два, или мноштво од нив? Навистина, Тој е Еден и Единствен, Кој е Совршен во создавањето, владеењето, управувањето...“
Едноставно, за мене започна нов живот. Со влегувањето на исламот во моето срце, за прв пат почувствував вистинско освежување, сладост, среќа, возбуда, смиреност. Што е ова ново нешто што ми ја плени душата? Пред исламот се чувствував како да се гушам во низа лажни ветувања и невистини. Сега можам да летам, затоа што сум слободна, затоа што се најдов себеси, како дете кое е среќно и безгрижно, невино и чисто.
Не можам да кажам дека не ми беше тешко да се соочам со моите родители, роднини, пријатели, познаници – но тоа сум јас. Разберете! Можеби им звучеше како нешто минливо во мојот живот. Но, тоа не е минливо, сè уште е таму до ден-денес и се манифестира на мене. Сите ме гледаат како вонземјанин, предавник и нестабилна личност. Меѓутоа, со текот на времето сфатија колку сум среќна во тој нов свет. Што да им се каже и објасни на луѓето кои очекуваат нивната ќерка, пријателка, познаничка или сосед да се однесува според шаблонот на кој се навикнати? Што да им кажеме на луѓето кои се задоволни од начинот на живот што нè опкружува, без да размислуваат дали тоа е правилно и дали им одговара?
Границата или пресвртната точка на моето размислување за преминувањето во ислам ми е кристално јасна. Таа што го поврзува животот, пред и потоа. Сега знам дека животот порано не беше навистина живот, туку само преживување. Со вера во Единиот Бог, лесно и без товар се кревам, знаејќи дека Тој, Севишниот, Оној Кој знае сè, Тој ме слуша, ги слуша моите молби и одговара на нив, Тој дава знаење, упатство...
Животот продолжува. Но, вистинскиот живот. Создадов семејство и се надевам дека Возвишениот Аллах ќе ги упати како и сите мои драги личности. Исполнета со чувство на смиреност во мојата душа, среќна сум. Среќна сум што можам да го споделам тоа со вас. Го молам Бога да биде задоволен од мене и од нашиот умет. Амин!
Од книгата: „Го прифатија исламот како Белкиса“ – Ениса Агановиќ
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....