Бисмиллах...

Дали знаете како настанал зборот „QUARANTENA – КАРАНТИН“?

Дали го знаевте тоа дека исламскиот научник по медицина Ибн Сина (Авицена 980-1037) се посомневал дека некои болести се шират преку микороорганизмите? За да го спречи пренесувањето на болеста (заразата) од човек на човек, тој измислил метод на изолирање на луѓето 40 дена. Овој метод го нарекол ал-Арбa’инија (четириесет – четириесет дена).

Трговците од Венеција слушнале за неговиот успешен метод и тоа знаење го донеле во Италија и низ цела Европа. Го нарекле "quarantena" (четириесет – на италијански). Оттаму потекнува и зборот „карантин“. Овој метод, кој моментално се користи во секој дел од светот за борба против пандемиите, своето потекло го има во исламскиот свет.

Аллах во Куранот вели: „...а ако некој биде причина за нечиј живот да се сочува – како на сите луѓе животот да им го сочувал!“ (5:32)

И денес методот на Ибн Сина (карантинот) спасува илјадници, можеби и милиони животи.

Машаллах, ова е уште едно наследство на исламот и исламските научници на светот! (Преземено)

#Coronavirus # COVID19

Уредништво на „БЕЛИГ“

Posted in Занимливости, Новости on Jul 01, 2023.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...