Бисмиллах...

Десет начини како да се дочека рамазанот

Прашање: Кои се правилните начини да се дочека месецот рамазан? Муслиманот не смее да се колеба во сезоните на покорност и добри дела, како што мора да биде од оние кои се истакнуват во секое добро и кои се натпреваруваат на тоа поле, како што Возвишениот Аллах вели: „...и за тоа нека се натпревауват оние коишто сакаат да се натпреваруваат!“ (Куран, 83:26)

Настојувај, драг брате и сестро, да го дочекаш месецот рамазан на следните десет начини:

ПРВ НАЧИН

Довата, т.е. да го молиш Аллах да те поживее да го дочекаш рамазан во здравје и благосостојба, за тоа да ти биде поттик да бидеш поактивен во ибадетите какви што се постот, намазот и зикрот. Кажува Енес, Аллах нека биде задоволено од него: „Аллаховиот Пратеник ﷺ кога ќе дошол месецот реџеб велел: ,Аллаху наш, дај ни берикет во реџеб и шабан и дозволи ни да го дочекаме рамазан.‘“ (Хадисот го пренесуваат Ахмед и Таберани) Познато е дека нашите добри претходници го молеле Аллах да ги поживее до рамазан, потоа би молеле да го прифати и да ги прими нивните дела. Па кога ќе дојде месецот рамазан и ќе се појави младата месечина, упати дова и кажи: „Аллах е најголем! О, Аллах, започни ни го месецот со сигурност, иман, селамет, ислам и упати нè да го правиме тоа што го сакаш и со што си задоволен. Мојот и твој Господар е Аллах.“ (Хадисот го пренесуваат Тирмизи и Дарими, а Ибн Хибан го оценува како веродостоен)

ВТОР НАЧИН

Благодарност бидејќи си го дочекал. Рекол Невеви, Аллах нека му се смилува, во својата книга Ел-Езкар: „Знај дека е мустехаб и убаво за секој кому ќе му се повтори јасна благодет или од кого ќе се отстрани јасна несреќа, да му направи сеџда на Возвишениот Аллах и да му се заблагодари како што му доликува.“ А од најголемите благодети на Аллах кон робот е да го упати и помогне во покорноста и ибадетот. Знај дека тој што ќе го дочека рамазан во здравје е во голема благодет која бара благодарност и признание на Аллах којшто го дал сето тоа, па му благодариме на Возвишениот Аллах како што му доликува на благородноста на Неговото лице и големината на Неговата власт.

ТРЕТ НАЧИН

Радост и среќа, бидејќи е дојдено по веродостоен пат дека Аллаховиот Пратеник ﷺ имал обичај да ги израдува своите асхаби со доаѓањето на месецот рамазан и би велел: „Ви дојде месецот рамазан. Рамазан е месец на берикетот, во него Аллах ви го пропишал постот. Во него се отвораат џенетските порти и во него се затвораат портите на Џехенемот...“ (Хадисот го пренесува Ахмед) Претходните генерации од асхабите и табиините се радувале на доаѓањето на рамазанот, а дали постои поголема радост од тоа да се слушне за започнувањето на месецот рамазан, сезоната на добри дела и спуштањето на милоста.

ЧЕТВРТ НАЧИН

Подготовка и претходно планирање како да се искориси месецот, бидејќи, за жал, голем број на луѓе, па дури и тие што се држат до верата, многу прецизно планираат кога се работи за дуњалукот, но многу е мал бројот од тие кои планираат за оној свет. Тоа е производ на еден факт, а тој факт е неспознавање на вистинската задача на верникот на овој свет, како и заборавот дека муслиманот ja има можностa со Аллах, како и дека постојат битни сезони и времиња во кои човекот ја воспитува својата душа за да истрае на Правиот пат. Од планирањето за ахиретот е и планирањето како да се искористи рамазанот во покорност и ибадети пред неговото доаѓање. Така ќе имаме работна програма за искористување на деновите и ноќите на рамазанот во покорност кон Возвишениот Аллах. Оваа брошура, која е пред тебе, ти помага на тој пат да го искористиш рамазанот на најдобар начин, ако даде Аллах.

ПЕТТИ НАЧИН

Чист и силен ниет и цврста одлука дека ќе го искористиш месецот и дека ќе го поминеш времето во добри дела, а тој што ќе биде искрен кон Аллах и Аллах ќе биде искрен кон него и ќе му помогне во покорноста и ќе му ги олесни патиштата на доброто. Возвишениот Аллах рекол: „Подобро ќе им биде да се искрени кон Аллах.“ (Куран, 47:21)

ШЕСТИ НАЧИН

Спознавањето и разбирањето на рамазанските прописи, бидејќи обврска е за секој верник да го обожува Аллах со знаење, и никој нема оправдување дека не знаел за фарзовите (должностите) кои Аллах им ги пропишал на неговите робови, меѓу кои е и постот во рамазан. Муслиманот мора ги знае прашањата околу постот и неговите прописи пред да дојде месецот, за да му биде постот правилен и примен кај Аллах: „Затоа прашајте ги учените луѓе ако вие не знаете!“ (Куран, 21:7) СЕДМИ НАЧИН Мораме да го дочекаме рамазан со цврста одлука дека ќе ги оставиме гревовите и лошите дела, и дека искрено ќе се покаеме од сите гревови, ќе ги оставиме и никогаш нема да им се вратиме. Рамазанот е месецот на покајанието, ако не се покаеме во него, кога ќе се покаеме?! „И покајте се сите заедно пред Аллах, о, верници, за да бидете успешни.“ (Куран, 24:31)

ОСМИ НАЧИН

Душевно чистење и подготовка преку читање на корисни книги и брошури, слушање, преку разните медиуми, на корисни исламски предавања и дерсови кои ја појаснуваат вредноста на постот и неговите прописи. Сето тоа за да ја подготвиме душата за покорност и ибадет кон Него. Аллаховиот Пратеник ﷺ би ги подготвувал душите на неговите асхаби, па на крајот на месецот шабан би рекол: „Ви дојде месецот рамазан...“ – па сè до крајот на хадисот. (Хадисот го пренесуваат Ахмед и Несаи)

ДЕВЕТТИ НАЧИН

Сериозно подготвување да се врши давет и мисионерство во него и тоа преку: Подготвување на неколку зборови и совети и нивно споделување со браќата во својата џамија (како и преку социјалните медиуми). Делење на книшки и брошури на верниците од маалската џамија. Убаво е книгите да бидат од советодавен карактер и да ги содржат фикхските прописи за рамазанскот пост. Подготовка на рамазански подароци, можеш да ставиш во плико ЦД или УСБ со убава содржина и книшка, потоа да напишеш рамазански подарок, а потоа да го подариш кому сакаш. Сеќавање на сиромашните и мискините, потоа давање на садака и зекат токму на нив.

ДЕСЕТТИ НАЧИН

Да го дочекаме рамазан со нова бела станица во нашите животи: Со покајување кон Возвишениот Аллах со искрено покајување; Со следењето на сунетот на Аллаховиот Пратеник ﷺ извршувајќи го она што тој го наредува и воздржувајќи се од сè што тој го забранува; Да се одржуваат добротворните и роднинските врски кон родителите, блиските, роднините, брачниот другар и децата. Да бидеме добри во заедницата и општеството во кое живееме за да бидеме корисни Аллахови робови. Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Најдобрите луѓе се оние кои најмногу им користат на луѓето“.

Вака муслиманот го дочекува рамазан, како што сувата земја со нетрпение го чека дождот, како што болниот го чека лекарот и како што човекот го чека својот сакан од пат. Аллаху наш, како што ни дозволи да го дочекаме рамазан, дај ни да го завршиме во здравје со целосна награда, навистина Ти си Тој којшто сè слуша и сè знае. Извор: од книгата „Десет начини како да се дочека рамазанот и десет поттикнувања како да се помине на најдобар начин“

Posted in Новости, Рамазан on Aug 23, 2024.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...