Бисмиллах...

Го прифатив исламот и сè уште верувам во Исус

За да разберам зошто станав муслиманка, прво морам да се запрашам зошто отпрвин станав христијанка? Дали тоа свесно го направив или некој друг ме направи христијанка? Дали е реално да се верува дека децата се раѓаат грешни и нечисти? Додека паралелно со тоа исламот вели дека сите сме родени во чиста вера, фитра, додека родителите не нè направат Евреи, христијани итн... Јас ја знам и ја разбирам вистината – дека овде на Земјата сите сме создадени, само за да го обожуваме Бога, Создателот на Вселената.

Сè што правиме во животот се врти околу оваа единствена вистина... всушност, Библијата вели: „Но дури и јадењето, пиењето, па и секоја наша постапка треба да биде за Божја слава.“ (Коритјани, 10:31) Мојот живот ми беше даден само од една причина, да го обожувам и да живеам за Бога во мојот брак, во семејството и во мојата работа. Кога го сфатив ова како девојче, почнав да одам во црква и прифатив сè што ме учеа бидејќи тоа за мене беше начин на живеење за Бога. Ништо друго не беше важно... само Тој. Мојата желба беше да ги слушнам Неговите зборови упатени до мене на Судниот ден: „Браво, добар и верен слуга“. Долго време бев загрижен за фокусот на Исус во црквата. Кога водев служби, се обидував да се фокусирам на обожавањето на Бога. Кога се молев, се молев во името на Исус, како што ми беше наредено, но моите молитви никогаш не беа упатени до Светиот Дух или Исус...туку секогаш директно до Бога, како што велат христијаните „Небесниот Татко“. Како христијанка, работејќи со христијанска организација, мојот фокус беше да ги доведам луѓето во врска со Бога. Сакав да Го запознаат како што јас го познавав.

Тогаш се запознав со исламот. Исламот не е, како што сите мислат, „најновата религија“ или обожување на некој „друг“ Бог, и слично, да се биде муслиман всушност значи целосно потчинување кон Божјата волја. Како христијанка, ме учеа дека Стариот завет укажува на Христовото доаѓање, но сепак христијаните денес многу малку се придржуваат кон она што е напишано во Библијата и речиси го отфрлаат Стариот завет. На соборот во Никеја, првиот никејски собор, кој е воедно и првиот вселенски црковен собор, книгите избрани за формирање на Новиот завет биле сите оние кои се согласувале со тројството. Тој бил свикан од римскиот император Константин I Велики во 325. година со цел да се реши прашањето за несогласувањето, особено во Александриската црква. Главните точки на дискусија беа: прашањето за аријанството; датумот на празнувањето на Пасха (Велигден), Големиот раскол, единството на Отецот и Синот (од христијанска перспектива), крштевањето на еретиците и положбата на оние кои попуштиле за време на прогонствата на Лициниј (таканаречените лапси)... Размислувајќи за сето ова и истражувајќи, погледнав во христијанската црква и се запрашав... ако христијанството е единствениот вистински пат, зошто црквата не е силна и не напредува? Зошто не гледаме повеќе луѓе како се враќаат во верата и кои навистина живеат како што налага Библијата? Зошто повеќето христијани никогаш не ја ни прочитале Библијата, или барем она што останало од неа по толку промени и интервенции од човечка страна...

Јас останав со еден заклучок..за секое нешто што го кажав, особено против исламот, имаше милион логични објаснувања, милион причини зошто исламот е вистината, изворната Божја реч. Исламот кажуваше работи кои биле кажувани со генерации уште пред да се појави христијанството. Божјата реч во Библијата, во Куранот и во еврејските списи кажува едно: „Божјата реч ќе остане засекогаш“, а сепак сите свети книги, освен Куранот, претрпеле толку многу промени.

Бог им рекол на Израелците дека ќе бидат благословени за послушноста и казнети за непослушноста. Тој им ветил на сите пророци од Стариот Завет дека ќе го добијат Неговото простување и спасение доколку Неговиот народ се потчини и се моли и се оттргне од нивните лоши патишта. Одеднаш Црквата вели дека треба да има помирување со крв, и тие постојано се повикуваат на неколку библиски стихови кои сите можат да се преведат и разберат различно, во зависност од преводот и толкувањето. Како христијани, многу малку размислуваме дали навистина живееме живот што го слави Бога. Живееме во христијанска вера која учи на доктрини за здравје, богатство и благосостојба. Со ова се игнорира фактот дека Исус рекол дека миротворците ќе го видат Бога, но црквата малку зборува против злосторствата во светот.

Покорување кон Бога едноставно велејќи: „Сакам целиот мој живот да ја одразува Неговата волја. Сакам да Го обожувам со целото мое битие 24 часа на ден. Сакам да му покажам на светот дека исказот да го обожавам Бог не значи да верувам дека некој друг ја платил казната за мојот грев...туку дека ќе стојам пред мојот Создател на Судниот ден и морам да дадам сметка... нешто од кое никој нема да избега“.

Сега некој би можел да каже – зошто да не бидеш покорен христијанин и не го обожаваш Бога преку христијанството? Затоа што да се стори тоа би било да се обожува Бог како Тројство… или барем да се направи Христос она што не е, што значи да се смета за Семоќен Бог. Тој самиот рекол дека треба да се покоруваме на учењето на Неговиот, Единиот Бог. Христијанството, исто така, повеќе воопшто не подучува за пеколот...но Исус зборувал за него повеќе отколку за другите работи.

Не можеме да си дозволиме да живееме на оваа земја и да заборавиме дека денот на пресметката е пред сите нас. Исламот едноставно признава дека сите ќе се соочиме со полагањето сметка и нè повикува да живееме живот што го зема тоа предвид. Исламот не е тероризам или некоја од работите што мислев дека е, како што мислат повеќето немуслимани денес. Исламот едноставно вели дека живееме на оваа земја со свесност дека таа е минлива и дека само идниот свет е вечен. Секоја наша молитва, секое дело, секој збор треба да биде признание за Единиот Бог, на кого никој не му е рамен. Кој е Создателот на сè. Кој ги контролира нашите животи и ја бара нашата послушност.

Ова нека биде вистината во мојот живот, затоа што тоа е причината зошто верувам во чистата вера која била испратена до сите пратеници и народи, а тоа е дека само Бог има право да биде обожуван, и секогаш да биде славен во нашите животи.

Извор: www.aboutislam.net

Posted in Новости, Покајници on Aug 24, 2024.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...