Бисмиллах...

А. Ј. Тојнби

Британски историчар, филозоф на историјата и социолог. Професор по Меѓународна историја. Бил поборник на теоријата за општествените циклуси и автор е на монументалното дело “А Study of History” (Истражување на историјата). Арнолд Џозеф Тојнби студирал историја во Винчестер и во Хајделберг, како и на Оксфорд, а потоа работел за Министерството за надворешни работи како стручен советник, особено за време на двете светски војни. Во периодот од 1918. до 1950. година бил водечки британски консултант на владата за меѓународни односи, посебно во врска со Блискиот исток. Во 1919. година бил делегат на Париската мировна конференција, а потоа бил професор на Универзитетот во Лондон. Од 1924. година бил професор по Меѓународна историја на Лондонското училиште за економија (London School of Economics), а освен тоа, во периодот од 1925. до 1956. година, ја вршел функцијата на директор на Кралскиот институт за меѓународни работи. Во своето дело “А Study of History” (Истражување на историјата) за пратеникот Мухамед, Божјиот мир над него, напишал:

„Значи, Мухамедовата политичка активност се истакнува како фактор од првокласно историско значење во историјата на цивилизациите; и таа исто така е значајна како феномен на Мухамедовата лична кариера, затоа што ја прави оваа кариера исклучок од правилото...“

Потоа наведува: „Дали е Мухамед вулгарен измамник кој се претставувал како пратеник а од самиот почеток имал амбиција за трон? Оваа клевета е дефинитивно побиена со податоците од Мухамедовиот живот во текот на тринаесет години, помеѓу неговото прво објавување на својата пратеничка мисија во Мека околу 609. година, и неговата преселба од Мека во Медина во 622. година.“

Во своето дело “Civilization on Trial” (Цивилизацијата на суд), за исламот напишал: „Можеме, впрочем, да уочиме одредени принципи на исламот кои, доколку се применат во општествениот живот на новите светски маси, во поблиска иднина можат да имаат битни спасоносни ефекти на големите општества. Двата забележителни извора на опасност – едниот психолошки и другиот материјален – и двата присутни кај сегашните светски маси, со доминантна основа во нашето модерно западно општество, а тоа се расната подвоеност и алкохолот; и во борбата со секое од тие зла исламскиот дух има решение кое би можело да даде резултати, доколку би било прифатено, со високи морални и општествени вредности.

Престанокот на расната подвоеност, како што е тоа меѓу муслиманите, е еден од исклучителните успеси на исламот, а во современиот свет постои огромна потреба од ширењето на оваа исламска доблест.“

Posted in 100-те великани за исламот, Новости on Jul 16, 2023.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...