Бисмиллах...

ЈЕЛЕНА

Јас се викам Јелена. Роденa сум во Илијаш во 1956. година. Родена сум во католичко семејство, кое строго ги почитуваше верските обреди. Како дете редовно одев во црква. Куќата на моите родители беше единствената католичка куќа во соседството. Како и многу девојки во тоа време, се омажив за човек од друга религија. Тој беше муслиман. На почетокот на војната, јас и моето семејство ја напуштивме Босна. Во егзил, повторно почнав да одам во црква, земајќи ги со себе и моите два сина...

Постариот син имаше 17 години и беше католик. Помладиот син имаше 6 години. По некое време почувствував дека нешто не ми одговара во црквата. Еднаш, додека бевме во Хрватска, отидовме во црква каде што го слушнав свештеникот како зборува против муслиманите. Потоа го погледнав помалиот син, чиј татко беше муслиман и чувствував грижа на совест, бидејќи како дете не беше доволно возрасен да одлучи сам или да ја брани религијата на татко му. Тој случај и многу други работи не ми одговараа. Се чувствував збунето. Решив да не одам повеќе во црква.

По пет години живеење во Европа, отидовме во Америка. По 3 години поминати во Америка, мојот помал син го прифати исламот на 14 години, иако до својата 20-та година не почна да ја практикува верата како што треба. Кога почна да клања намаз, бев изненадена што траеше толку долго. Кога му заѕвони мобилниот за време на намаз, се изненадив што не се јавуваше на телефон. Ја пушти брадата и почна да се менува. Бев изненадена што веќе не излегува во петок и сабота навечер. Почна да остава отворени исламски книги на маса за мене и мојот сопруг, а исто така и интернет страници на компјутерот. Верував во Аллах и верував дека Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, е Аллахов Пратеник, но не бев подготвена да го прифатам исламот. Отсекогаш сакав кога синот ми читаше исламска литература, особено приказни за асхабите. Се восхитував на нивните доблести и карактери. Тие беа толку храбри, благородни, искрени и толку многу веруваа во Аллах. Секогаш мислев; О, каква чест била да се живее со Аллаховиот Пратеник, Божјиот мир нека биде над него. Читањето и слушањето предавања ми ја исполни душата.

На почетокот на пролетта. 2008 година, мојот сопруг и јас решивме јас и мојот помал син да одиме во Европа, за евентуално да се преселиме таму. Прво отидовме во Шведска, но не ни се допадна. Потоа отидовме во Босна. Во Босна решивме мојот помал син да оди сам во Австрија и да види какви можности има за нас. Останав во Босна за да бидам со мајка ми. Од една страна уживав со мојата стара дама која живее сама, но од друга страна чувствував притисок и нервоза поради неизвесноста. Откако син ми помина еден месец во Австрија, решивме да се вратиме во Америка. Се договоривме да му се придружам во Австрија пет дена пред повратниот лет за Америка.
 Пристигнав во Виена во четвртокот навечер. Синот ми кажа дека утре оди во џамија на џума намаз. Ме замоли да одам со него, а јас прифатив. Најдов една марама во мојот куфер за да можам да се покријам. Јас врзав марамата како што постарите жени во Босна традиционално врзуваат марами. Дојдов во џамијата. Кога влегов каде што се сестрите, видов неколку помлади сестри со деца. Се чувствував чудно бидејќи беше очигледно дека не припаѓам таму. Само што влегов, сфатија дека сум вонреден случај. Веднаш ми пријдоа и срдечно ме пречекаа. Тогаш моето срце почна да танцува. Им кажав за мојата ситуација. Меѓу нив беше и Мерјем. Додека зборував, таа сфати дека нејзиниот сопруг го познава син ми. Таа веднаш го повикала сопругот Абдулах. Кога го заврши разговорот, нè покани да дојдеме кај нив.

Следниот ден, јас и мојот син се сретнавме со Абдулах. Нè однесе до неговата куќа. Беше лесно да се забележат неговиот пријатен ахлак (морал) и неговото познавање на Аллаховата вера. Тој многу леснo и среќнo одговараше на моите прашања. Ми одговори на секое прашање што го имав. Не губеше време, туку цело време ми ја објаснуваше верата Аллахова. Кога стигнавме кај нив, нè пречекаа неговата сопруга Мерјем и ќерката Сара. Мерјем речиси го имаше подготвено ручекот. Не губеа ни малку време, цело време нè повикуваа во верата. Беше многу убаво. (Возвишениот Аллах нека ги награди). По неколку часа отидовме во џамија. Мерјем, како да ми ја знаеше омилената боја, ми подари нов, убав зелен фустан и хиџаб во боја на старо злато. Кога го облеков тој фустан и хиџабот се чувствував многу убаво.
 Кога стигнавме во џамијата, влеговме во просторија каде што имаше сестри со деца. Мерјем отиде во друга соба. Се прашував што прават таму. Кога се врати, ме праша „Тетка Јелена, што те спречува да преминеш во исламот?“ Јас ѝ одговорив: „Ништо“. Мерјем беше многу мудра и упорна (Возвишениот Аллах нека ја награди). По некое време, таа повторно ми постави слично прашање. И тогаш одговорив дека ништо не ме спречува. Таа потоа ме праша дали ќе го кажам Шехадетот, на што јас одговорив дека ќе го кажам. Таа потоа ги донесе сите сестри од другата соба и јас го повторив шехадетот по Мерјем. После тоа, секоја сестра ме прегрна, а многумина од нив плачеа. Моето чувство во тој момент го знае само Возвишениот Аллах. Се чувствував како да одам по облаци. Веќе не бев таа старата јас.

Тие сестри потоа ме одведоа во друга соба и ми дадоа многу книги и аудио ленти. Возвишениот Аллах нека ги награди. Кога сè се заврши, во ходникот нè чекаа син ми и сопругот на Мерјем, Абдулах. Мојот син имаше насмевка на лицето. И двајцата беа многу среќни што го прифатив исламот. Другиот ден со син ми заминавме за Шведска, од каде имавме повратен лет за Америка. Братот Абдулах и уште еден прекрасен брат Сенад дојдоа да нè испратат. На мојот втор ден во исламот, клањав заедно со мојот син во парковите и аеродромот. Кога се вратив во Америка и му кажав на мојот сопруг дека преминав во ислам, тој беше среќен. Тој со гордост им ја соопшти веста на своите пријатели и семејството. За првиот Бајрам ми подари златна и сребрена нараквица.

Дојдов во Австрија некако нервозна, разочарана и со празна душа, надевајќи се на можноста за нов живот во Европа. Се вратив со разбирање дека исламот е вистинскиот пат, дека овој живот е краток, а ахиретот (оној свет) е вечен и дека животот без исламот е празен. Горда сум што сум муслиманка. Го молам Возвишениот Аллах да ги награди Абдулах, Мерјем и нивната ќерка Сара со Џенетул Фирдевс. Го молам Семоќниот Аллах да го води целото мое семејство и да им помогне на сите муслимани и муслиманки ширум светот чии солзи и крв се пролеваат и чија чест се гази. Го молам Возвишениот Аллах да ги зајакне и да ги направи нивните непријатели помали од афион.

Сакам сите да го слушнат ова, дека се молев на Семоќниот Аллах да ми даде мојот постар син и неговата сопруга (по седум години брак и неуспех) да добијат дете. Не долго по мојата дова, дознав дека ќе имам внук, ако даде Аллах. Аллаху Екбер!!! 

Posted in Новости, Покајници on Aug 24, 2024.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...