Бисмиллах...

Како раѓањето на Багдад го променило светот засекогаш?

Ако денес Багдад е синоним на внатрешно пропаѓање и насилство од неописливи пропорции, неговото основање пред 1250. години ја означило револуцијата во архитектурата на градовите. Дури и повеќе, тој бил симбол на цивилизацијата, бидејќи набргу станал предводник во светската култура. Спротивно на врежаното верување, Багдад е стар, но не и древен. Него во 762. година го основал абасидскиот халиф Ел Менсур „Победоносецот“, како ново седиште на исламската империја. Во однос на другите месопотамски градови, како Нинива (VII милениум пр.н.е.), Ур (IV милениум пр.н.е.) и Бабилон (V милениум пр.н.е.), тој бил, така да се каже, „новороденче“. Од историски извори е познато дека Ел Менсур пловел низ Тигар трагајќи по нова престолнина и дека несторијанските монаси, кои во таа област живееле многу пред муслиманите, ја разгледувале оваа локација поради поволната положба и клима.

Во „Книгата на земјите“, Јакуби, арапски географичар и историчар од деветтиот век, наведува дека Багдад, со оглед дека лежел на реката Тигар и бил во близина на Еуфрат, имал потенцијал да стане „светска крстосница“. Во времето кога Јакуби пишувал, Багдад, Градот на Мирот, веќе станал центар на светот, престолнина на Дар-ал-Ислам (исламски земји), место од каде потекнуваат бројни научници, астрономи, поети, математичари, музичари, историчари, законодавци и филозофи.

Бидејќи одлучил токму тука да ја подигне својата нова престолнина, халифот се посветил на нејзиното осмислување. Изворите наведуваат дека „Округлиот град“ била исклучиво негова замисла. Градот во форма на совршен круг бил своевидна заслуга на геометриското учење на Еудклид, чиешто дело го проучувал и кому се восхитувал.

На триесетти јули 762., откако кралските астролози одредиле дека тој датум е најсоодветен, Ел Менсур му упатил молба на Аллах, го поставил камен-темелникот и им наредил на работниците да ја започнат изградбата. Масивните ѕидови од тула, со периметар од 6,5 километри, кои настанувале на брегот на Тигар, биле карактеристично обележје на Округлиот град на Ел Менсур.

ИЗГРАДБАТА ВО ФОРМА НА КРУГ БИЛА ПОТПОЛНА НОВИНА

Ел Хатиб ел Багдади, научник од 11. век чија „Историја на Багдад“ е вистинска ризница на информации, наведува дека надворешниот ѕид бил висок 24 метри и дека имал пушкарници и бастиони. Ѕидовите ги окружувал длабок ров. Илјадници архитекти и инженери, правници, столари, копачи и обични работници се регрутирани од целиот Абасидски халифат и цигла по цигла ги подигнале градските ѕидини, слични на тврдина. Тоа било убедливо најголемиот градежен потфат во исламкиот свет. Според Јакубовата проценка, во изградбата учествувале 100.000 луѓе. Изградбата во форма на круг била потполна новина. Четирите порти, кои биле подеднакво оддалечени една од друга, ги пресекувале надворешните ѕидови, од каде што рамни патишта воделе право до центарот. Портата Куфа, на југозапад, и портата Басра, на југоисток, и двете излегувале на Каналот Сарат – клучниот дел на мрежата на водени патишта со кои водата од Еуфрат се спроведувала во Тигар. Портата Шам (Сириска порта), на северозапад, излегувала на главниот пат кон Анбар и низ пустинските области водела до Сирија. На северозапад се наоѓала Портата Хорасан, која водела до мостот од бродови преку реката Тигар.

КУПОЛА ВИДЛИВА ОД КИЛОМЕТРИ ДАЛЕКУ

Таквите мостови, кои се состоеле од низа на бродови врзани еден за друг и врз кои се потпирала конструкцијата, биле еден од најживописните обележја на Багдад. Поцврста структура нема да биде видена сè додека Британците во 20. век не го изградиле железниот мост над Тигар.
Од кулите над капиите се пружал поглед на градот и со километри густите палмини градини и смарагдни полиња околу Тигар. Во попладневните часови, Ел Менсур цврсто се одморал во големата сала за аудиенција над стражарските кули на Портата Хорасан каде се наоѓало засолниште од опојните топлини.
Четирите главни патишта кои од портата воделе во центарот на градот биле обрабени со аркади, во кои биле сместени продавниците и пазарите. Помалите улици излегувале на четири главни артерии.
Центарот на Багдад се состоел од огромен средишен дел, со пречник од околу два километра, со кралска четврт во самото јадро. На работ биле палатите на децата на халифот, куќите за кралскиот персонал и слуги, кралската кујна, коњските штали и другите објекти. Во самиот центар се наоѓале двете најубави згради во градот: Големата џамија и палатата на халифот Златна порта. Ел Менсуровата палата била импресивна градба со површина од 30.000 километри квадратни. Можеби нејзина највпечатлива карактериситка е 40 метри високата зелена купола над главната сала за приеми, која се гледала на километри далеку и на чиј врв била скулптурата на коњаник со копје во раката. Хатиб тврди дека фигурата се вртела како ветроказ, покажувајќи го со копјето правецот од кој ќе се појават непријателите на халифот.

МИТХАД ПАША ГО УНИШТИЛ ГРАДОТ

Менсуровата Голема џамија била прва во Багдад. Заземала површина од зачудувачки 8.360 метри квадратни, пренесувајќи му ја на Аллах јасна порака дека Абасидите се неговите највеличествени и најмоќни поданици на Земјата. До 766. Округлиот град на Ел Менсур бил завршен. Тоа било голем триумф. Арапскиот писател, телолог и научник Ел Џахиз го опишал на следниов начин: „Сум видел прекрасни градови, вклучувајќи ги и оние кои се познати по својата издржлива конструкција. Сум видел градови во деловите на Сирија, во византиските области и во другите провинции, но никогаш порано немам видено толку висок град, со толку совршена кружна форма, град кој може да се пофали со повозвишени предности или има поголеми порти и посовршена одбрана од Ел Завра, градот на Ебу Џафар ел Менсур.“
Последните остатоци од Округлиот град на Ел Менсур биле уништени на почетокот од 1870-те години, кога Митхад Паша, еден од најистакнатите реформатори на Османлиското царство, во модернизаторски занес ги урнал неговите ѕидини.

Извор: http://www.theguardian.com/cities/2016/mar/16/story-cities-day-3-baghdad-iraq-world-civilisation

Превод и обработка: БЕЛИГ

Posted in Занимливости, Историја, Новости on Jul 01, 2023.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...