Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Сања Домуз Садиковиќ, ќерка на Чедомир Домуз, признава дека наишла на негативни коментари кога решила да го прифати исламот, но научила на истите да одговара со насмевка. „Никогаш не велам дека ја сменив верата бидејќи воопшто не сум израсната во религиозно семејство. Го прифатив исламот како моја вера, но пред тоа немав верска определба. Едноставно се пронајдов себеси во исламот, тоа беше мојот избор. Пораснав во традиционално православно семејство, но кај нас тоа главно се сведуваше на посети за Велигден и Божиќ. Често велам дека го прифатив исламот како вера во која сум родена“.
Својот живот го смета за „посреден“, полесен и поубав бидејќи сега има цел која, како што таа вели, ја прави психички постабилна. „За жената хиџабот е обврска и јас тоа го испочитував. Тоа ме потполнува бидејќи е обврска што ја исполнив. Тоа секогаш беше моја желба и за тоа се одлучив кога се почувствував доволно зрела и ментално подготвена да се справам со сè што е придружено од тоа. Секогаш има коментари, семејството ме поддржа, а што се однесува на околината, тие секогаш коментираат, јас не им обрнувам внимание. Затоа и го почекав периодот на ментално созревање кога ќе можам само да се насмеам на тие коментари“, вели Сања.
Им се насмевнува и на реакциите на оние на кои им е чудно што една Сања носи хиџаб. „Кај нас луѓето најчесто се поделени според името, штом кажете како се викате, веднаш ве сместуваат во одредена група. Кога ќе видат дека носам хиџаб, а се викам Сања, ме прашуваат – како!? Ние сме такво општество, не сме отворени кон промени и имаме многу предрасуди. Имаше изненадувања, но тоа не влијаеше врз мене, свесна сум за нашиот менталитет“, заклучува нашата соговорничка.
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....