Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Поради величественоста на оваа ноќ, мелеците се спуштаат во неа повеќе од вообичаено. Таа ноќ мелеците заедно со најизбраниот мелек Џибрил се спуштаат на Земјата како специјални гости. Џибрил е тој што му го доставил Куранот на Пратеникот ﷺ, и не само тој, туку и целата армија мелеци заедно со него се спушта на Земјата. Џибрил е во наше друштво таа вечер! И целата армија мелеци. Секое небо има свои мелеци и сите тие се задолжени за различни работи. Аллах понекогаш ги опишува како оние кои нè штитат, понекогаш како оние кои го запишуваат она што го правиме, понекогаш како оние кои го носат Аршот, Аллаховиот престол или само прават истигфар. Има мелеци со различни задачи. Но, во оваа ноќ сите тие се „деактивирани“ и се спуштаат на Земјата.
Мелеците имаат свои работи што треба да ги завршат, но во оваа ноќ Аллах им даде слобода од сите тие задачи да дојдат овде кај нас. Аллах ги испраќа за да им олеснат на луѓето кои ја бараат оваа ноќ. Мелеците се околу нас, Земјата се полни со нив, не останува простор за шејтанското зло; се спушта смиреноста и безбедноста. Ги посетуваат оние кои се во ибадет, оние кои го слават својот Господар, барајќи прошка за своите гревови и ги благословуваат до зори. „Во таа ноќ мелеците и Џибрил, со одобрение од Господарот свој, се спуштаат поради секаква одлука.Сигурноста е во неа сè до појавата на зората.“ (Куран, 97:4-5) Во овој ајет е употребено сегашното време, кое ни кажува дека тоа не се случило само еднаш – кога е објавен Куранот. Ова продолжува да се случува секоја година. Ова е тековен настан, подарок што Аллах им го дава на Своите робови секоја година. Армија од мелеци, и најизбраните меѓу нив, доаѓаат кај нас како дар од Аллах за нас.
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....