Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Јас сум Швеѓанка, докторка, моите родители се Швеѓани. Татко ми е свештеник, а дедо ми бил бискуп. Значи, потекнувам од многу религиозно семејство. Јас бев воспитана како христијанка и го практикував христијанството. Кога бев во моите тинејџерски години, почнав да имам потешкотии со некои работи во христијанството. Тројството, првородениот грев и особено посвојувањето. Дека некој мора да умре за да им се прости на луѓето, мене ми беше многу тешко да прифатам. Се чувствував многу лошо, а имав и лоша совест, бидејќи христијанството го претставува човекот како суштество кое уништува сè и е грешно од самиот почеток. Кога и да згрешев нешто, ќе се сетев дека мојата природа е грешна и уништена.
Имав лоша совест затоа што некој морал да умре. За мене тоа беше една лоша слика за Бога, а во исто време христијанството вели: „Бог е љубов!“ Како може некој да биде љубов и да бара да му умре сопствениот син. Ова е малку околу моето минато пред да се сретнам со исламот.
Сè започна во пролетта 1997. година, кога бев во Франција. Таму дознав за исламот преку моите пријатели муслимани. Тоа беше прв пат да сретнам муслиман. Исламот е нешто сосема поинаку. Тоа е вера во Едниот, Единиот Бог и тоа ми се допадна. Човекот е создаден како човек од самиот почеток и не е уништен, ниту пак наследил нечиј грев. Човекот никогаш не бил ништо друго освен човек. Човекот не може да се споредува со Бога, ниту Бог може да се спореди со човекот. Човекот е човек и ништо друго. Главната причина поради која го прифатив исламот беа теолошките прашања на кои одговорот го најдов во исламот. Во исламот сфатив дека Бог е Оној кој простува. Потоа, научив дека целиот човечки живот е вдахновен од верата. Во исламот нема разлика помеѓу секојдневниот живот и верскиот живот. Долго време сакав да му го посветам животот на Бога а сега дознав дека во исламот е токму така!
Колку повеќе учев и дознавав за исламот, толку се чувствував посигурно. Кога дојдов до прашањето околу хиџабот, за тоа прашав една муслиманка и нејзината мајка која носеше хиџаб. Зошто носиш хиџаб? Што значи хиџабот за вас? Ми објаснија како тие го доживуваат хиџабот, но сакав да знам повеќе... Научив повеќе за исламот и чувствував дека тоа е верата за мене. За сето тоа време се молев на Бога да ме упати на Вистинскиот пат. Размислував многу за сенешто. Што ќе кажат моите родители? Што ќе кажат моите соученици? Ми требаше малку време, но на крајот решив да станам муслиманка.
Шехадет (сведочење)
Бев во Стокхолм. Беше петок. Тогаш муслиманите ја имаа својата годишна исламска конференција во Стокхолм. Чекав пред џамијата муслиманите да ја завршат својата петочна молитва. За време на петочната молитва си реков: „Нема сомнеж дека ќе преминам во исламот“. Тоа им го кажував и на пријателите: „По молитвата ќе преминам во исламот“. Еден од нив ми рече: „Во тој случај, направи го тоа сега“. Бев со неколку пријатели и никој од нас не знаеше што треба да се направи. Знаевме дека треба да се каже шехадетот, но не знаевме дали треба нешто друго покрај тоа. Влегов во џамијата со нив. По петочната молитва, дел од муслиманите останаа во џамијата. Потоа влегов внатре и го кажав шехадетот пред имамот. Имав фантастично чувство. Сите беа радосни. Сестрите ми приоѓаа и ме прегрнуваа. Воопшто не очекував дека ќе биде толку убаво. Тоа беше многу убаво искуство, никогаш нема да го заборавам. Тоа е најсреќниот ден во мојот живот. Сите жени кои беа таму доаѓаа до мене и ме прегрнуваа, некои од нив ми ја дадоа својата адреса, а некои ми подарија хиџаби, а она што најмногу ми остана во сеќавањето беше нивната радост за мене. Воопшто не очекував таква радост, тие не знаеја ништо за мене, но сепак беа толку среќни поради мене.
Роднините
Моите родители први дознаа дека сум станала муслиманка. Татко ми беше тажен поради тоа, а мајка ми лута. Тоа беше нивната прва реакција. Им требаше долго време да го прифатат тоа. Тие ми рекоа дека го почитуваат мојот избор да бидам муслиманка и дека го прифаќаат тоа. Им требаше многу време за да ме прашаат зошто станав муслиманка и долго време за да ме прашаат за исламот. Тешко им беше да зборуваат за тоа. Кога го облеков хиџабот, татко ми речиси почна да плаче. Им беше тешко. Во тоа време јас не живеев со нив, туку на друго место бидејќи студирав за доктор. Но јас ги посетував и носев хиџаб. Би сакала моите родители да станат муслимани. Мислам дека татко ми полека го прифаќа тоа дека сум муслиманка.
Влијанието на исламот врз мене
Исламот ми даде многу. Меѓу другото, сигурност и цврсто верување. Јас сум човек кој многу се грижи, дури и за најмалите работи. Но, кога го прифатив исламот, станав многу посамоуверена. Знам дека сè е во рацете на Аллах и ја се молам на Аллах и оставам сè на Него. Немам никакви проблеми кога ги посетувам родителите. Знаат дека не јадам свинско месо и не пијам алкохол. И со моите пријатели работите одат прилично добро. Јас сум жена, високо образована Швеѓанка, но не се чувствувам угнетена како што медиумите ги опишуваат жените во исламот. Напротив, исламот ми даде слобода да бидам човек и да бидам жена. Она што е убаво во исламот е тоа што исламот ѝ дава на жената идентитет и сигурност. Ние имаме поинакви задачи, но сите сме исти пред Аллах. Сите верници муслимани се браќа и сестри.
Намазот
Исламот ми дава голема сигурност. Моите пет дневни молитви ми го променија животот. Мојата вера, исламот, е мојот прв приоритет. Сè друго доаѓа после тоа. Се молам пет пати на ден без разлика дали сум на работа или на друго место. Петте дневни молитви ми се како пулс. Тие не одземаат многу време за да се извршат. Понекогаш, кога работам во итната медицинска помош, доаѓа некој повреден, а тогаш прво треба да се погрижам за пациентот. После тоа секогаш има време за молитва. Молитвата не ми ја отежнува работата, напротив, ми дава јасност и концентрација. Во зима, понекогаш може да биде тешко да се извршува молитва бидејќи времето помеѓу молитвите е многу кратко. Затоа понекогаш морам да ги спојам пладневната и попладневната молитва. Намазот ми оставил најсилен впечаток. Со молитвите пет пати на ден, јас сум во постојан контакт со Аллах.
Совет
Мојот совет до оние кои ја бараат смислата на животот е: Читај за различните религии. Моли го Бога да те упати на вистинскиот пат. Мој совет до оние кои не го практикуваат исламот: Што вели Куранот? Вие сте муслимани, знаете што ве чека кога ќе умрете. Што ќе му кажете на Аллах кога ќе ве испрашува?
Миријам Елборнсон
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....