Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Таа ноќ која е повредна од илјада месеци – осумдесет и три години и четири месеци... Возвишениот Аллах од својата мудрост ја остави оваа ноќ како „тајна“ додека не се случи, односно не прецизираше 100% дека тое е 27-мата ноќ, како што многумина веруваат, но со сигурност знаеме дека е во непарните ноќи од последната третина од рамазан. Наше е да ја бараме и максимално да ја искористиме.
Ноќта во која е објавена книгата за упатство на човештвото (Куранот) и која е храна за нашата душа. Ноќта во која мирот и благословот и Аллаховата милост слегуваат заедно со мелеките на првото небо.
Возвишениот Аллах секоја вечер во последната нејзина третина се спушта на небото на земјата, а потоа вели: „Кој Ме вика, за да му одговорам? Кој бара нешто од Мене за да му угодам? Кој бара прошка, за да му простам?“ (Муслим) „Ние почнавме да го објавуваме (Куранот) во ноќта Кадр! А што мислиш ти, што е ноќта Кадр? Ноќта Кадр е подобра од илјада месеци. Во таа ноќ мелеците и Џибрил, со одобрение од Господарот свој, се спуштаат поради секаква одлука. Сигурноста е во неа сè до појавата на зората.“ (Куран, 97:1-5)
Муслиманите, воопшто, а особено во рамазан, треба да се натпреваруваат во правење добри дела. Во поглавјето Ел Маиде Аллах вели: „А тебе ти објавуваме Книга, со Вистината, да ги потврди книгите пред неа објавени и над нив да бдее. И ти суди им според тоа што го објавува Аллах и не следи ги желбите нивни, и не отстапувај од Вистината која ти доаѓа; на сите вас закон и правец ви пропишавме! А да сакаше Аллах, ќе ве направеше следбеници на една вера, но, Тој сака да ве искуша во тоа што ви го пропишува, затоа натпреварувајте се кој повеќе добрини ќе прави; кај Аллах сите ќе се вратите, па Тој ќе ве извести за тоа за што не се согласувавте.“ (Куран, 5:48)
Кога Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, го прашала Пратеникот ﷺ која дова ја кажува во оваа ноќ, Пратеникот ѝ рекол: „О, Аллах, Ти со Оној кој сака да простува, па те молам да ми простиш.“ (Аллахумме иннеке афуввун тухиббул афве фа’фу ’анни) Верникот ќе дојде кај Аллах на Судниот ден и Аллах ќе стави перде помеѓу милијардите луѓе и помеѓу Него и тој верник, а тогаш ќе му се каже: „,Се сеќаваш ли на тој и тој грев што си го сторил?‘ И тогаш ќе помисли дека е ,уништен‘ поради гревовите што ги сторил. Потоа Возвишениот Аллах ќе му рече: ,Јас тие гревови ти ги сокрив на дуњалукот и денес ти ги простувам.‘“ (Ибн Маџе)
Да не го одложуваме покајувањето, да упатуваме дова кон Аллах да ни ги прости гревовите на кои се сеќаваме и кои сме ги заборавиле, да побрзаме да се покаеме и да се надеваме на прошката на Оној кој сака да простува. Го молиме Аллах да бидеме од оние со кои е задоволен и Лејлетул Кадр (а и другите денови и ноќи колку ќе бидеме во можност) да ги поминеме во ибадет. Амин.
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....