Бисмиллах...

Обидот за силување ми го однесе животот во погрешна насока

На овој начин ќе ви раскажам за моето враќање во исламот и да земате поука во името на Аллах. Сакам да ви укажам дека не треба да имате предрасуди кон девојките или момчињата во одредени ситуации бидејќи не знаете кој со што се справува. Родена сум во семејство каде што мајка ми повремено клањаше, додека татко ми и целото семејство, никогаш. Како девојка бев исклучително убава и впечатлива, кое ми ги создаде најголемите проблеми во животот. Како девојка го рецитирав Куранот и ги знаев буквите (харфовите) сите до една. Отидов на училиште – баба ми не ме спречуваше. За време на моето образование, односно средното училиште, доживеав обид за силување, кој тотално ми го однесе животот во погрешна насока. 

Не бев доволно добра ќерка за моите родители, ги изгубив пријателите, луѓето ме обвинуваа и ме исмејуваа, што во мене создаваше гнев кој секој ден сè повеќе растеше. Попуштив на училиште затоа што додека бев во таа состојба не добив психолошка помош и воедно таму и ме исмејуваа итн. Татко ми ме отпиша од училиште и ми рече да одам да работам и дека неговата куќа не е хотел. Размислувам каде ќе најдам работа без завршено средно. Се срамам да кажам дека немам училиште. Се вработувам во ресторан, останувам 2 месеца, па брза храна, па сè до кафуле. Гневот во мене станува сè поголем и поголем. Се бунтувам како што знам. Почнувам да носам тесно, кратко, провокативно, го привлекувам вниманието на мажите и уживам во тоа. Не ме интересираат, но сакам да ги предизвикам, да им се одмаздам, да ме погледнат! Субханаллах! Колку го збунува човечкиот ум проколнатиот шејтан (сотона)!   Несреќната јас, проблеми дома, мајка ми се срами од мене, татко ми е секогаш лут и нервозен. Јас сум лоша ќерка! Останатите деца се добри без разлика на грешките, но јас сум лоша. Во друштво, мајка ми ме караше дека немам ни училиште, дека сум крива што ме нападна малолетен манијак итн. Работев со години во харам, сипав и пиев алкохол. Животот тргна надолу. Нешто ми недостасува, сето ова време, нешто недостасува. Доаѓа Рамазан, тогаш имав 27 години. Доаѓам од работа, седнувам и го гледам Куранот на полицата, полн со прашина. Го земам и почнувам да читам. Зошто го земав тогаш само Аллах знае.

Читам страница по страница и го впивам секој стих, секое ново сознание што воопшто не го знаев. Го прочитав целиот Куран. По некое време тоа ми станува малку, па сакам да читам повеќе и почнувам повторно од почеток. Почнувам да плачам. Драг Аллах, никогаш не сум плачела толку многу како тогаш, сфатив дека Бог ме сака! Дури и цел свет да ме мрази – Тој ме сака! Си велам, покај се, врати се кај Аллах, па кој ти треба освен Аллах!? Не знам како да клањам, како ќе го направам тоа? Дознавам како се клања, но не ми влегува во мозокот, не се сеќавам поради харамот. Го земам картонот и запишувам како се клања и го ставам пред мене и извршувам сеџда (спуштање ничкум) на покајание. Почнувам редовно да клањам. Одам на работа, доаѓам дома и клањам. Не можам да ја напуштам работата, оти, што ќе јадам? Татко ми и мајка ми не даваат, велат, снаоѓај се.   Размислувам, како да излезам од харамот, на кој начин? Немам алишта за да се покријам, немам халал работа, кој ќе ме вработи со основно? Почнувам да се молам Аллах да ми подари маж верник, да ме спаси од животот во харам, да ми подари некој сличен на мене. По некое време, сосема случајно доаѓа на работа еден млад човек кој никогаш не дошол тука. Ме поздрави и почнавме да разговараме за верата, хадисите, Пратеникот, Божјиот мир нека биде над него. Ми рече: „Несфатливо ми е овде да работи девојка со такво знаење.“ Јас ги кревам рамениците. Не можам да му кажам за мојот живот. Го дозна мојот број и почнавме да комуницираме. Ниту една секунда не ме осуди. По неколку месеци станавме брачна двојка според шеријатскиот закон. Во брак сме 12 години, елхамдулиллах. Имаме здрави и убави деца во верата. Мојот сопруг е одговор на моите молитви. Мојот сопруг е најдобриот човек на светот. Елхамдулиллах!   Аллах ми го подари најголемото богатство, мојата вера, ми даде сопруг за кој жените сонуваат. Ми подари здрави деца кои само Нeго Го обожуваат. Тој ми даде мир и хармонија во животот без харам. И денес ќе почувствувам тага кога ги гледам девојките од другата страна на шанкот и се прашувам од какво дисфункционално семејство потекнуваат. Посакувам да ги гушнам и да им кажам дека постои Аллах, но Аллах упатува кого Тој сака. Го молам Аллах да нè сочува во нашата вера и да умреме само како муслимани. Амин!

Posted in Новости, Покајници on Aug 24, 2024.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...