Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Околу една недела непрестајно доаѓав во џамијата која се наоѓа во болницата и секогаш кога доаѓав, ќе сретнев еден маж. Некогаш ќе ги пропуштев сунетите пред фарзот, па би ги наклањал по намазот, така што останував последен во џамијатаса. Меѓутоа, овој човек никогаш не излегуваше пред мене.
Еден ден му се обратив со тоа што прво го поздравив со селам, а кога ми одговори, го прашав: „Машаллах, дали си нов службеник овде?“ „Не сум, богами, јас сум стар работник“, одговори тој. „Добро, но јас не сум те видел порано. Да не си клањал во друга џамија?“, прашав. Тој рече: „Не. Јас бев христијанин, а исламот го прифатив пред една недела“. Реков: „Одлично, машАллах! Гледам дека си прв што доаѓа, а последен што си заминува“.
Потоа рече: „Јас чувствувам нешто во срцето, можеби вие не го чувствувате тоа. Првиот пат кога влегов во оваа џамија, мојот прв фарз намаз го клањав во првиот саф (ред). Моето чувство беше поинакво од чувствата на другите луѓе. Знам дека оној до мене, кој има четириесет години, ме престигнал на патот кон Господарот. Тој е четириесет години во покорност, а јас во заблуда. Оној до мене, кој има шеесет години, чиешто лице остарело на Аллаховиот пат, ме престигнал кон Господарот. Ефендијата (имамот) најмногу, а и сите други ме престигнале на патот кон Господарот. Затоа барав што му е најмило на Аллах за да ги стасам. Барав во хадисите и открив дека пред Аллах, Господарот на сите светови, од делата најпрвин ќе биде претставен намазот. „Па, ако намазот е валиден“, вели Пратеникот, Божјиот мир нека биде над него, „валидни ќе бидат и другите дела, а ако не е валиден.... “
Оттогаш на секоја сеџда барав помош од Аллах, така што кога ќе се отворат сухуфите (хартиите) пред Аллах, да биде напишано: „Прв влегува, а последен излегува.“ Кога пред Него ќе се изнесе мојот икиндија намаз, сакам да кажам: „Господару, прв дојдов кај Тебе!“ „…а побрзав кон Тебе, Господару мој, за да бидеш задоволен.“ (Куран, 20: 84) Тогаш видов дека Возвишениот Аллах, кога ги пропишал прописите на верата, им направил столб на тие прописи што ги носи на Земјата. Тој столб е намазот. Не сакав тој столб да ми биде нестабилен, па решив да го зацврстам столбот на верата, за да биде стабилно тоа што го носи – верата. Да бидам цврст во верата. Се колнам во Аллах, додека земам абдест, чувствувам сладост додека гледам како водата капе од мене, сеќавајќи се на хадисот на Пратеникот, Божјиот мир нека биде над него, којшто го бележи Муслим: „Со вода или со последната капка вода гревовите паѓаат.“
Од предавањето на др. Абдулмухсин ел-Ахмед
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....