Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Рамазан, светиот месец, со чии благодати многупати се запознавме и научивме за вредноста на ибадетот во него. Сега, кога тој речиси нè напушти, сфаќаме дека сè што има почеток мора да има и крај.
Лесно сфаќаме дека овој дар од Возвишениот Аллах трае само еден месец и наскоро нè напушта. Секоја година побрзо и побрзо. Како што поминуваа деновите, шејтанот ја искористи приликата да нѐ притисне, а ние, преокупирани со дуњалукот, попуштивме. Освен кон кого Аллах има милост, уште пред почетокот на Бајрам, во нашите домови се чувствува дека рамазанот замина. Дојде моментот да си замине, а ние остануваме. Го угостивме, а дали ќе земе сè што донесе со себе или имаше поголема задача од тоа? Ни остава празни софри на сехур. Ни ја носи радоста на постот и ифтарот, а ни ги носи и сите други задоволства со него? Ја носиш ли, месецу, сладоста на искрените дови? Дали ни ги испразни џамиите, нашите сеџди? Ќе ни се врати ли прашината на мусафите со твоето заминување? Ние остануваме. Ти нè научи, о, месецу, каква е искрената сладост и убавина на робувањето кон Семоќниот Аллах.
На почетокот на рамазан имавме високи амбиции и преголеми желби, но кој искрено го искористи овој месец, ќе може да се радува на Бајрам. Се прашуваме ли дали навистина сме меѓу оние кои успеале, ослободени од огнот? Ова ќе го разбереме кога рамазан целосно ќе нè напушти, бидејќи кого рамазанот го воспитал, тој останува воспитан цела година. Аллаховиот Пратеник ﷺрекол: „Возвишениот Аллах рекол: Секое дело му припаѓа нему, на човекот, освен постот; тој ми припаѓа Мене и јас за него посебно наградувам...“ (Бухари и Муслим од Ебу Хурејре) Задачата на рамазан беше да ја оживее искреноста меѓу нас и Аллах и да ја обнови таа врска што љубоморно ја чуваме од сите. Овие мубарек денови нè потсетија на тевхидот и ихласот. Тие побараа од нас да го обновиме нашето верување и да бидеме одговорни за сите наши постапки. Да се запрашаме дали навистина го сакаме Аллаховото задоволство со овие постапки или нешто друго? Овој рамазан го оживеа во нас најчистото и највеличественото нешто, а тоа е близината на Аллах. Постот нè потсети дека така не воспитува Аллах и дека оваа работа ја сака само заради Него. Да се чувствува дека овој живот е само за Него, затоа што Возвишениот вели во Куранот: „Џините и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.“ (Куран, 51:56). Па, ти постиш само поради Аллах и ја чувствуваш Неговата близина. Постот е основата на рамазан и она што ни помага да истраеме во другите добри дела. Сега, на крајот на рамазан, чувствуваме дека тие молитви биле искрени заради Аллах, бидејќи со сите сили се трудевме да поминеме што повеќе време во ибадет. Чувствуваме дека овој рамазан нè зајакна и посакуваме да продолжиме со оваа сладост додека не Го сретнеме Семоќниот Господар. Кој ќе излезе од рамазан и ја почувствувал сладоста на робувањето кон Него, тој ќе биде сè подобар и подобар после рамазан. Се будиме, а душата ни е исполнета и нахранета со она за што е толку гладна. Ја храневме душата со врска со Господарот и го зајакнавме верувањето. Рамазан заминува, но останува она што ни го донесе. Тоа што ќе ни помогне да го задржиме она што го донесе рамазан е често да размислуваме за минливоста на овој свет. Колку и да живееме, ние ќе умреме затоа што сме патници кон Аллах. Кога навистина ќе го сфатиме ова, световноста ја губи својата вредност во нашите очи. Во рамазан бевме толку силни затоа што знаевме дека има само одреден број денови, а од друга страна не знаеме кога ќе умреме, па затоа имаме големи надежи. Сè на овој свет е безвредно, ако навистина сфатиме дека сè е минливо и дека на сè ќе му дојде крајот. Само тогаш ќе ги искористиме нашите животи. Возвишениот Аллах ги зајакна и им помага на муслиманите, бидејќи нема поголема работа што го зајакнува човекот, после говорот на Аллах, од сеќавањето на Ахиретот. Во овие мубарек денови го најдовме она по што копнеевме. Чувствувавме сласт во обожувањето каква што не сме почувствувале до сега, многу грижи беа отстранети, а нашите срца се исполнија со мир.
Ајде да ја анализираме нашата состојба пред рамазан и сега. Ние, како и сите околу нас, се променивме. Рамазанот е училиште кое нè научи на близината на Аллах. Колку и да му згрешивме, ја почувствувавме сласта на Неговата близина и големината на Неговото простување. Зарем не би било грубо да го оставиме сето тоа зад нас со последниот ден од рамазан? Кој ни ја забранува сета оваа сласт после рамазан? Кој ги брани тајните дела меѓу нас и Господарот кога целиот свет заспива? Рамазан со себе донесе одреден дел на бериќет, но она што останува е производ на нашите напори и приближување до Аллах. Семоќниот Аллах нè собра заедно со верниците во џамиите, па го почувствувавме бериќетот на луѓето кои го сакаат Аллах. Ајде да избереме колку време ќе им дадеме на оние што ни го крадат Ахиретот, а колку време ќе дадеме на оние што нè водат до него. Вагата за избор на пријатели е нашето чувство по дружењето. Пратеникот ﷺ рекол: „Кој не го напушта својот лош говор и однесување, тоа што ги напушта храната и пиењето не му значи ништо во очите на Аллах.“ (Бухари) Ова е посебна задача, па да се обидеме да го чуваме нашиот јазик од сè што е непотребно, зошто не може така да продолжиме после рамазан? Ајде да одлучиме дека нема да озборуваме, расправаме, изневеруваме и дека ќе се обидеме да ја почувствуваме сладоста и после рамазан. Рамазанот заминува, а групите луѓе се делат на оние кои одат во Џенетот и оние кои одат во Џехенемот. Групата што оди во Џенетот, рамазанот го живее цела година. Шејхот Шенкити рекол: „Секогаш кога ќе почувствувате истрајност во обожувањето, било да е скриено или јавно, заблагодарете му на Аллах за тоа. Зошто? Затоа што Возвишениот Аллах вели во Куранот: ,Ако бидете благодарни, Јас навистина уште повеќе ќе ви дадам.‘ (Куран,14:7), па ако му благодариме на Аллах за ибадетот во рамазан, Аллах ќе ни даде повеќе после рамазан.“ Од Бејхеки се пренесува дека Абдулах бин Омар кога вршел хаџ или умра велел: „Аллаху мој, Ти рече и Твојот говор е вистина: ,Побарајте и ќе ви дадам‘, па како што ми го подари исламот, не оддалечувај ме додека не Те сретнам како муслиман“. Кога ќе видиме дека ова е навистина подарок од Возвишениот Аллах, сфаќаме дека наша должност е да му се заблагодариме.
Селеме ибн Амир раскажува: „Го извршивме џума-намазот со Хасан Басри и после намазот се собравме околу него и тој заплака. Го прашавме зошто плаче, а тој заплака уште повеќе: – А како да не плачам?! Кога на вратата на оваа џамија би дошол некој од другарите на Аллаховиот Пратеник кај нас не би распознал ништо од исламот освен оваа наша кибла, каде се свртуваме во намазот.
Ох, ох! Празните желби го уништија светот. Постои говорот, но не постои делото. Знаењето постои, но трпеливоста не постои. Верувањето постои, но не постои цврстото уверување. Што е тоа? Ги гледам луѓето, но не го гледам умот, го слушам шумот, но пријателот не го гледам. Овие луѓе влегле во верата и излегле (од неа). Знаат што е добро, ама не прават добро. Знаат што е забрането, ама го прават. Верата им е само на јазикот. Ако запрашаш некој од нив дали верува дека за делата ќе плати сметка, тој ти одговара дека верува. Се колнам во Владетелот на Судниот ден дека лаже! Бидејќи во убавото воспитание и во својствата на верникот спаѓа: силата покрај верата, одлучноста покрај благоста, благоста со знаењето, умот покрај благото постапување, отменоста во сиромаштијата, умереното поведение во богатство, сомилост кон натажениот, дарежливост на вистинското место и праведност покрај истрајноста. Верникот нема да му направи насилство ни на оној што го мрази, ниту ќе згреши помагајќи го оној кого го сака. Тој не озборува, не намигнува понижувајќи го другиот, не ги истражува туѓите мани, не зборува во безработица, не ги пренесува туѓите зборови, не го бара она што не е негово, не ја негира вистината макар да се однесува и на него, не ги преминува границите во оправдувањето, не се одмаздува кога некого го погодува несреќа, ниту го весели кога некој ќе згреши. Верникот во намазот е понизен и натажен и брза што е можно побрзо на Аллах да му падне ничкум. Неговите зборови се вистински лек, трпеливоста е неговата побожност, молчењето – вистинско размислување, а неговото размислување – поука. Се дружи со учениот за да научи. Меѓу нив молчи за да не згреши, а кога зборува, зборува за да исползува. Кога верникот ќе направи добро, се весели, а кога ќе згреши, веднаш бара прошка. Кога некој ќе го прекори, тој сепак го бара неговото задоволство. А ако некој го навреди и опцуе, тој се покажува како благ. Кога ќе му биде сторена неправда, се стрпува и постапува праведно. Бара заштита само од Возвишениот Аллах и од Него бара помош. Ако вистински муслиман направи нешто добро, тој се радува, а ако погреши, бара прошка; ако го прекори, повторно бара од него задоволство. Ако некој го пцуе и искара како луд, тој пак испаѓа нежен. Кога ќе му се изврши насилство, тој е трпелив и повторно постапува праведно. Верникот не се потпира на друг освен на единствениот Аллах, не бара помош освен од единствениот Аллах. Вистинскиот муслиман е достоинствен меѓу луѓето и благодарен кога е сам со Аллах. Задоволен е од нафаката, благодарен е на удобноста и трпелив е во борбата. Ако седи со оние кои го заборавиле Аллах, тој се сеќава на Аллах, а ако седи со оние кои го спомнуваат Аллах, тој бара прошка за своите гревови.
Ете, такви биле другарите на Аллаховиот Пратеник во текот на целиот свој живот. Такви биле и вашите добри предци. Вашата состојба е сменета затоа што вие сте го смениле вашето постапување кон Возвишениот Аллах. Потоа Хасан проучил: „Аллах нема да измени еден народ додека тој самиот не се измени. А кога Аллах сака еден народ да казни, никој не може тоа да го спречи, освен Него му нема заштитник.“ (Куран, 13:11).
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....