Бисмиллах...

Рамазанот нè напушта

Остануваат уште неколку дена до крајот на рамазан. Иако крајот е близу, сепак имаме шанса да ги поправиме грешките што сме ги направиле Совети од администрацијата на БЕЛИГ:

– Истигфар (барајте прошка од Аллах) затоа што ова можеби е последниот рамазан што сте го дочекале.

– Искрено направете ниет да бидете подобари во тоа што Аллах го сака и дека ќе се држите настрана од она што не го сака по рамазан, а не само за време на него!
– Направете преглед на она што го направивте овој месец. Оној што направил многу добро нека му се заблагодари на Аллах и да го заврши со хајр, а кој не направил нека се подобри.
Пратеникот ﷺ предупредува: „Навистина, делата се судат според крајот!“ (Бухари, бр. 6607)

– Молете се на Аллах да ги прифати вашите добри дела. Првите генерации велеа: „Да знаевме дека Аллах прифатил дури и едно добро дело од нас, ќе посакавме смрт“.

Аллах прифаќа само од добрите. Многу луѓе денес се фалат со количеството добри дела, но ќе се знае колку биле искрени. 

Posted in Новости, Рамазан on Aug 23, 2024.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...