Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Приказната за тоа како го прифатив исламот не е долга приказна, но приказната за тоа како Аллах продолжи да ме води откако влегов во исламот е поинспиративна приказна. Сепак, оваа приказна започнува со моето име. По раѓањето го добив името Тарик. Во 60-тите, 70-тите, па дури и 80-тите, не беше толку невообичаено некои Американци да им дадат африкански имиња на своите деца. Многупати имињата што ги избираа од Африка беа, всушност, исламски имиња, што се случи со моето име.
Во текот на мојот живот пред исламот, повремено се среќавав со други луѓе по име Тарик, или некој што го знаеше значењето на моето име, и тие ме прашуваа: „Дали знаеш што значи твоето име?“ Со гордост би одговорил како што ме учеа: „Тоа значи ,ѕвезда со продорен сјај‘“. Понекогаш би ја додал приказната за познатиот командант Тарик ибн Зијад кој ја освоил Шпанија во 711. година. Иронично, иако ги знаев овие важни факти за значењето на моето име, не го знаев исламското значење на моето име до подоцна, кога бев студент на колеџ.
Се запишав на колеџ на 16 години, насока биологија, со намера во тоа време да станам доктор. Знаев дека ако имам толку голема одговорност, ќе ми треба добра методологија што ќе ја следам во животот. За време на мојата прва година, почнав да ја читам Библијата, но наместо да ме направи подобар христијанин, почнав да се сомневам во христијанството. Додека ја проучувавме чудесната сложеност на клеточната биологија таа година, јас и неколку мои колеги ја потврдивме нашата вера во Бог, Создателот, и дека создавањето на сè не е обична случајност како што тврдеа некои научници.
За време на пролетниот распуст имав теолошка дискусија со баба ми, со која бев многу близок. А таа, и покрај тоа што беше христијанка, даде една извонредна изјава на која обратив многу внимание.
Таа рече: „Го обожавам Бога и му се молам на Бога и го сакам Исуса, но се чувствувам побезбедно кога му се поклонувам на Бога и му се молам директно на Него!“ Таа ме советуваше повеќе да не се молам во името на Исус и само да му се молам на Бога! Кога се вратив на факултет по тој разговор, продолжив да се молам секоја вечер пред спиење како што ме учеа уште од детството. Но, решив моите молитви да ги упатувам само кон Бога.
Откако ја донесов таа одлука, почнав да чувствувам вина поради молитвата додека лежев во кревет. Така почнав да се молам клекнат на работ од креветот, што беше подобро за мене. Сè уште барајќи нешто што сигурно ќе ме води низ животот, еден ден, додека шетав низ кампусот, го замолив Бог да ме упати. За време на мојата прва година на факултет, еден колега, за кој знаев дека преминал во ислам, ме виде како шетам низ кампусот и ме поздрави со „ес-селаму алејкум“ (мир над тебе)! Додека растев во Чикаго во 1970-тите, го слушнав овој поздрав многу пати, па му одговорив: „Ве алејкум селам!“
Потоа ме праша дали сум муслиман, на што му одговорив: „Не. Јас сум протестант, христијанин“. Тој одговори: „О! Мислев дека си муслиман затоа што се викаш Тарик!“. Недолго по тој состанок, тој дојде на предавање што јас и неколку соученици го имавме и се обиде да нè информира за исламот. Беше многу млад и многу нов во исламот, па затоа не знаеше многу. Но, тој нѐ предупреди за опасностите од молитвата кон другите, освен кон самиот Бог.
Се разбира, тоа беше позната изјава, но сепак не знаев многу за исламот. Кога се вратив дома тоа лето, се вработив како телемаркетинг оператор и запознав еден муслиман по име Ахмед. Еден ден го прашав: „Дали си муслиман?“ Тој се насмевна и одговори: „Да, Тарик. И ти?" Јас одговорив: „Не. Јас сум протестант“. Тој се насмевна и рече: „Со име како Тарик, би требало да бидеш муслиман“. Почна да ми зборува за Тевхидот (Божјата Едност). Бев импресиониран од концептот на исламскиот монотеизам. На крјот ме покани во својата куќа и ми покажа примерок од англискиот превод на Куранот. Бев многу импресиониран од почитта што ја имаше кон оваа книга, па го прашав дали можам да ја позајмам за да ја прочитам. Тој неволно се согласи, велејќи дека тоа е неговата единствена копија од Куранот, и ме замоли да го одржувам чист и да не го ставам на подот итн. Одвај чекав да го прочитам! Две недели подоцна, го поканив Ахмед во мојата куќа и повторно седевме и разговаравме за исламот. Му реков дека верувам дека Куранот е вистинит и дека сакам да станам муслиман. Веќе следниот ден отидовме заедно во Исламскиот центар во Вашингтон и го прифатив исламот. Неколку години по моето преобраќање, Аллах ме благослови да можам да студирам ислам на Исламскиот универзитет во Медина, каде што се стекнав со вонреден степен по арапски и дипломирав хадиски студии.
Се надевам дека приказната за тоа како дојдов во исламот ќе ги поттикне другите да ја прифатат вистината и да се вратат на чистата вера. Исто така, се надевам дека мојата приказна ќе ги поттикне моите браќа и сестри муслимани да ја споделат вистинската порака на исламот со оние околу нив преку збор и дело. Извор: Discovering Islam
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....