Бисмиллах...

Што е најкорисно да се прави во ноќта Лејлетул-Кадр?

Прашање: Можете ли да ми кажете кои ибадети се најкорисни за извршување во ноќта Лејлетул Кадр?

Одговор: Вашето прашање е повеќе од оправдано. Куранско-хадиските аргументи го потврдуваат фактот дека правењето ибадет во ноќта Кадр е повредно од правењето ибадет во илјада месеци во кои ја нема таквата ноќ. Возвишениот Аллах вели: „Ние почнавме да го објавуваме (Куранот) во ноќта Кадр! А што мислиш ти, што е ноќта Кадр? Ноќта Кадр е подобра од илјада месеци.“ (Куран, 97:1-3 ) Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Ви дојде благословениот месец, во него е ноќта подобра од илјада месеци. На кој му е ускратени доброто во оваа ноќ, нему му е ускратено сето добро, и нема да му биде ускратено освен на вистински несреќниот.“ (Ибн Маџе од Енес ибн Малик, бр. 1644 – неговата веродостојност ја потврдил и шејхот Албани и рекол; хасенун-сахих.)
Исламските научници спомнале три вида на ибадети со кои, меѓу другото, човекот може да ја заврши оваа благословена ноќ:
Намаз – Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Кој ја поминува ноќта Кадр во Кијам (намаз) верувајќи во нејзиниот благослов, барајќи награда од Семоќниот, неговите претходни гревови ќе му бидат простени.“ (Бухари и Муслим) Целата ноќ е генерално време во кое е дозволено да се извршува нафиле намазот, затоа верникот треба колку што е можно повеќе да ја помине ноќта Кадр во намаз.
Дова и зикр – спомнувањето на Аллах; намазот и зикрот се пропишани општо, а особено намазот кој бил спомнат во хадисот на Аиша, Аллах нека е задоволен со неа. Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, го прашала Аллаховиот Пратеник ﷺ: „Аллахов Пратенику, кога би знаела дека е ноќта Кадр, што да му довам на Аллах таа ноќ?“ Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Кажи: اللَّهُمَّ إِنَّكَ عَفُوٌّ تُحِبُّ الْعَفْوَ فَاعْفُ عَنِّي Аллахумме иннеке афувун тухиббул афве фа'фу 'анни ,Господару мој, Ти си Тој што простува и сакаш прошка, па затоа те молам да ми простиш.‘“ (Тирмизи, од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, оценет како веродостоен од Шејх Албани ) Овој хадис недвосмислено укажува на пропишување на дова до Аллах во оваа благословена ноќ.
Рецитирање на Куранот – Месецот рамазан генерално е месец на поминување време со Куранот, особено во ноќта на Кадр, кога ибадетот е подобар и повреден.
Ибн Месуд, Аллах нека е заоволен со него, пренесува дека Аллаховиот Пратеник ﷺ, рекол: „Кој ќе прочита една буква од Аллаховата Книга, ќе има награда, а наградата се зголемува десеткратно. Не велам дека ,елиф-лам-мим‘ е еден харф, туку ,елиф‘ е харф, ,лам‘ е харф и ,мим‘ е харф.“ (Тирмизи, хасен-сахих) А Аллах најдобро знае. 

Posted in Новости, Рамазан on Aug 23, 2024.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...