Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Сто години од сега, сите ние, или повеќето од нас со нашите роднини и пријатели, ќе бидеме под земја, а нашата вечна судбина ќе биде кристално чиста пред нашите очи. Туѓинци ќе живеат во нашите домови, ќе ги работат работите што ние ги извршувавме, ќе го поседуваат нашиот имот и нема да нè паметат. Бидејќи, на кој од нас сега ќе му падне на ум таткото на неговиот дедо?
Нашите имиња ќе бидат заборавени, нашите ликови ќе исчезнат... Тогаш, зошто ни е грижа како луѓето гледаат на нас и за иднината на нашите домови, имоти и семејство? Сето ова нема да има никаква вредност по сто години. Нашето постоење е само блесок во животот на вселената... Ќе исчезне и ќе помине додека трепнеш... И многу генерации ќе дојдат по нас. Секој од нив набрзина ќе се поздрави со светот, оставајќи го знамето на следната генерација пред да остварат четвртина од своите соништа.
Во овој свет, ние сме многу помали отколку што замислуваме, а времето е многу пократко отколку што мислиме. По сто години, во задгробниот живот, среде таа светлина или темнина или тишина, ќе сфатиме колку светот бил безначаен, нашите соништа смешни и ќе посакаме цел живот да сме го поминале во важни работи и собирање добри дела. Многумина ќе изговараат зборови на оплакување на крајот од својот живот, како што нè известува Возвишениот Створител.
Некој ќе рече: „Кога на некој од нив смртта ќе му дојде, тој извикува: ,Господару мој, поврати ме да направам некакво добро во тоа што го оставив!' – Никогаш! Тоа се зборови кои тој залудно ќе ги говори – пред нив препрека ќе има сè до Денот кога ќе бидат оживеани.“ (Куран, 23:99,100)
Други ќе речат: „Господару мој, само уште за кратко време да ја одложиш, па милостина да давам и добар да бидам!“ (Куран, 63:10)
Третиот ќе рече: „Камо среќа за овој живот да се подготвев!“ (Куран, 89:24)
Затоа, брате вернику, додека сме уште на овој свет, да размислиме, да земеме поука и да ги менуваме работите. Какво само е ова патување! Од грбот на таткото до утробата на мајката, од мајчината утроба до грбот на земјата, од грбот на земјата до утробата на земјата, од утробата на земјата на денот на пресметката! И на секоја станица гледаш чуда! Последната станица, или Џенет или Џехенем...
Две работи се многу тажни: Човек кој за прв пат влегол во џамија на денот на неговото џеназе и жена која првпат се покрила со ќефин. Колку е тоа невнимателно и колку долго ќе трае? Затоа, да се обидеме да оставиме добар белег и нешто што ќе биде корисно за луѓето по нашето заминување. Да го обновиме договорот со Аллах додека сè уште има живот...
Шејх Али ел Мукхим
Posted in Занимливости, Новости on Jun 25, 2023.
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....