Бисмиллах...

Вредноста на Лејлетул Кадр и знаците кои укажуваат на неа

Ноќта Кадр има посебна вредност што се одразува на следново:

  1. Во оваа ноќ се одредуваат и запишуваат судбините на созданијата за наредната година.

  2. Мноштво на мелеци кои се спуштаат на Земјата во Ноќта Кадр за да присуствуваат на намаз и да бидат сведоци на верниците во џамиите, а водич им е Џибрил, мир над него. Бројот на мелеците во таа ноќ е поголем од бројот на камчиња. Луѓето не можат да го согледаат овој знак со своите сетила.

  3. Кој ќе ја помине оваа ноќ во намаз, верувајќи во нејзината вредност и во Аллаховото ветување во неа и надевајќи се на наградата што е ветена во неа, ќе му бидат простени гревовите што ги направил пред неа.

  4. Смиреност и спокојство што им се спуштаат на верниците поради мноштвото ибадети и облици на потчинување што тие во таа ноќ му ги изразуваат на Возвишениот Аллах...

  5. Тоа утро сонцето изгрева бело, без својата вообичаена светлина. Исламските научници велат дека причината за тоа е воздигнувањето на мелеците на небото, кои таа ноќ во голем број слегле на Земјата, така што со крилјата и светлината ги затскриваат сончевите зраци.

  6. Вредноста на Лејлетул Кадр се однесува на вредноста на добрите дела во неа, бидејќи делото на оној кој се труди во ибадетот во таа ноќ е подобро од истото дело направено за илјада месеци. Тоа е големо добро од Семоќниот Аллах!

  7. Оној кој ја минува Лејлетул-Кадр во ибадет има големо место кај Возвишениот Аллах и е достоен за Аллаховата милост и Неговото простување.

  8. Таа е на високо ниво кај Возвишениот Аллах.

  9. Подобра е од илјада месеци во кои нема Ноќ на Кадр. Тоа изнесува осумдесет и три години и четири месеци.

  10. Голема е можноста луѓето да се спасат од казната поради добрите дела што ги прават во оваа ноќ, но и поради милоста, простувањето и ослободувањето од Огнот со кој Возвишениот Аллах ги опсипува Своите робови во него.

  11. Во оваа ноќ е објавен величествениот Куран.

  12. Таа е благословена ноќ, бидејќи изобилува со многу добри работи, особености и квалитети.

  13. Муслиманот треба да ја бара и чека Лејлетул Кадр, со тоа што ќе се потруди секоја од последните десет ноќи од рамазан да ги помине во ибадет: намаз, дови и зикр. Затоа што само тој што е лишен од секое добро е невнимателен кон ноќта која ги има гореспоменатите вредности. Го молиме Семоќниот Аллах да не ни го негира Неговото добро!

  14. Аллах на овој умет му подари големо добро бидејќи секоја година им ја дава оваа благословена ноќ. Затоа, неизмерна сме благодарни на Аллах!

  15. Во преданието на Муслим стои: „Кој ќе ја погоди Лејлетул Кадр и ја помине во намаз, верувајќи (во нејзината вредност) и надевајќи се (на награда од Семоќниот Аллах), ќе му биде простено.“ На оваа предание се потпираат оние кои велат дека вредноста на Лејлетул Кадр ја постигнува само оној кој со сигурност знае дека наведената ноќ е Лејлетул Кадр. Меѓутоа, хадисот не се однесува на ова, туку напротив укажува дека до неа стигнал оној кој ја поминува во намаз, со намера таа ноќ да ја помине во ибадет, па таа навистина станува ноќ Лејлетул Кадр, иако тие е не се свесни за тоа. Ова е една од причините зошто муслиманот треба да се посвети колку што е можно повеќе на ибадетот во секоја од последните десет ноќи на рамазан како секоја од нив да е Лејлетул Кадр, бидејќи тоа навистина може да биде.

  16. Од Убаде б. Ес-Самит, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник ﷺ, рекол: „Лејлетул Кадр е јасна и светла ноќ, како во неа да заблескала месечината. Тоа е мирна и блага ноќ во која нема ниту топлина ниту студ. Не е дозволено гаѓање во ѕвездите (ѕвезди што паѓаат) до зори. Еден од знаците на оваа ноќ е дека следното утро, сонцето се појавува без да ги шири своите зраци, како месечината во затемнување. Тогаш на шејтанот не му е дозволено да изгрее со него (инаку, сонцето изгрева меѓу двата рога на шејтанот освен утрото по Лејлетул Кадр).“ (Го бележи Ахмед)

  17. Хадисите укажуваат дека муслиманот треба со нетрпение да ја чека оваа ноќ и да вложи максимални напори за да ја пронајде, бидејќи во неа има големо добро. 

Posted in Новости, Рамазан on Aug 23, 2024.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...