Бисмиллах...

Загребчанка

Имам само 16 години и живеам во Загреб. Што се однесува до религијата во семејството, од страна на таткото сите се православни, но не ја практикуваат премногу религијата, додека од страната на мајката се католици и може да се каже дека го практикуваат тоа. Кога бев мала, мајка ми секогаш ме носеше со неа во црква, но јас не чувствував ништо посебно во тоа, па одвај чекав да пораснам малку и да престанам да одам таму. За сето тоа време тоа му пречеше на татко ми, тој беше повеќе за тоа да бидам воспитана во атеизам. Пред околу половина година, почнав да се допишувам преку интернет со еден дечко кој е многу постар од мене. Тој е од Босна и е муслиман. Почнавме да се допишуваме за сè, па така и за религијата. Пред тоа не знаев речиси ништо за исламот. Од него за првпат дознав дека муслиманите не јадат свинско месо, дека не смеат да пијат алкохол, дека го обожаваат Аллах.

Сето тоа полека почна да ме интересира. Со оглед на тоа дека имав навика да поминувам по 3 часа дневно на интернет играјќи игри или преземајќи музика, решив да ги потрошам во истражување на текстовите за исламот. Секако, почнав полека со основните работи како на пример рамазан, кој е Аллах, кој е Пратеникот, Божјиот мир нека биде над него, што е Куранот воопшто. Овие основни поими ме водеа сè подлабоко и подлабоко така што дознав дека „Селам алејкум“ е поздрав, сега сакав да знам што значи тој поздрав и што претставува за муслиманите, почнав да читам и различни текстови од Куранот, молитви , приказни за Пратеникот, Божјиот мир нека биде над него, итн.

Се разбира, прочитав и кои се големите гревови. И одеднаш, небаре почнав да се придржувам кон тоа. Претходно пиев понекогаш алкохол во дискотека со моите пријатели, а сега за првпат се почувствував горда што можев да им кажам дека веќе не пијам и бев некако среќна, не само поради себе туку затоа што тоа е грев. Се разбира, секој ден барав нови и нови работи на интернет, започнав да се допишувам со луѓе кои исто така се муслимани. За сите овие прилики си избрав муслиманско име кое беше некако посебно за мене, со значење некако блиско за мене, како создадено за мене, а тоа е Шемса (сончева светлина), бидејќи како зраците на сонцето и светлината да ме осветлуваа откако почнав да се запознавам со исламот.

Сигурна сум дека еден ден сакам да се омажам за муслиман, за да можам така да ги воспитувам своите деца и да ја практикувам верата уште повеќе и подобро.

Сега, проблемот е што живеам во Хрватска, католичка земја каде што нема многу муслимани. Моите родители гледаат како оваа религија го освојува моето срце и навистина се лути поради тоа, бидејќи не сакав да ја прифатам нивната религија и сега одеднаш го прифаќам исламот – религија со која никој во двете семејства нема врска. Некако во себе чувствувам дека оваа вера е создадена за мене, чувствувам дека таа е единствената вистинска.

Сакам да се однесувам целосно во согласност со неа, но не можам и поради тоа се чувствувам ужасно. Не можам да манифестирам дел од себе кој е мошне важен.

Единственото нешто што ме теши е дека еден ден кога ќе се омажам за муслиман, ќе можам да ги практикувам сите работи што не можам да ги правам сега (пр. носење хиџаб) и едноставно живеам за тој момент. Дотогаш исламот ќе живее во мене и во моето срце додека саканиот Аллах не ми го дозволи спротивното.

Posted in Новости, Покајници on Aug 24, 2024.

Последни новости

Рамазанот и нашите најмлади


Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...

Бериќетот на рамазан – нема ниту една дова што не е одговорена и ниту едно добро дело што не е прифатено.

Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...