Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Прашање: Дали е вистина дека жената за време на менструацијата не може да ја бара ноќта Кадр?
Одговор: Одреден број луѓе веруваат дека на жената која има менструација во последната третина од месецот рамазан не ѝ е пропишано да ја бара ноќта Кадр и дека таа не може да се моли таа вечер. Ова верување е неосновано. Жената која има менструација потпаѓа под општиот термин на зборовите на Аллаховиот Пратеник ﷺ: „Трудете се барајќи ја ноќта Лејлетул Кадр во непарните ноќи од последните десет дена од рамазан.“ (Бухари и Муслим од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа) Тоа што жената не може да клања намаз во тој период не е доказ дека таа не може да прави на друг начин ибадет чија важност не е условена со правна чистота. Во тој период, жената може да го спомнува Аллах со зикр, да прави ибадет со дови до Семоќниот Аллах за сите нејзини потреби на овој свет и Ахиретот, исто како што, според правилното мислење на алимите, ѝ е дозволено да го чита Куранот без директно допирање на Мусхафот. Затоа, можеме да кажеме дека нема потреба жената да пие апчиња кои ќе го одложат почетокот на менструацијата со цел да клања таа ноќ. Правењето ибадет во ноќта Кадр не е ограничено само на намаз, туку вклучува и извршување на секакви ибадети. А Аллах најдобро знае. Читањето на Куранот на телефон за време на менструацијата Прашање: Еселаму алејкум! Може ли жената за време на хајз да го чита Куранот на телефон, на пример, да продолжи до каде дошла пред да има хајз, со цел да го прочита целиот Куран за време на рамазан, бидејќи нема да има време да го рецитира во преостанатите денови? Благодарам однапред! Одговор: Во однос на прашањето дали жената во текот на менструацијата може да го чита Куранот или не, научниците имаат спротивставени мислења. Верувам дека посилни мислења се оние кои велат дека на жената во менструацијата ѝ е дозволено да го чита Куранот, особено ако се плаши дека ќе заборави што знае напамет од Куранот. Доказ за тоа се општите аргументи кои го поттикнуваат проучувањето на Куранот, како и фактот дека не постојат јасни докази врз основа на кои на жената би ѝ било забрането да го проучува Куранот за време на менструацијата. Оние кои тоа го забраниле, како доказ за тоа ја користат аналогијата. Тие велат дека како што не е дозволено Куранот да го чита џунуб, исто така не е дозволено жена во менструација да го чита. Имамот Ибн Баз, почитуван научник од дваесеттиот век, одговарајќи на овие докази вели: „Разликата помеѓу овие два случаи е во тоа што временскиот период во кој човекот е во состојба на џунуплук е пократок. Таквата личност може да се искапе веднаш по сексуалниот однос, временскиот период на таквата состојба е краток и од него зависи кога ќе се избања. Ако не може да стигне до вода, ќе земе тејјемум, ќе клања и ќе го чита Куранот. За разлика од овие личности, жената за време на хајз и нифас не влијае на нејзината чистота, туку тоа зависи од Семоќниот Аллах. Хајзот и нифасот траат со денови и затоа е дозволено да се чита Куранот во тие денови за да не ја изгуби користа од читањето на Куранот како и учењето на шеријатските прописи од Аллаховата книга. Многу научници од сегашното време се залагале за споменатиот став, а познато е дека и Шејхул-ислам Ибн Тејмије го застапувал ова мислење. Врз основа на горенаведеното, велиме дека нема пречка жената да го чита Куранот за време на менструацијата, без разлика дали тоа е напамет, на телефон или од Мусхафот, со тоа што многу научници споменале дека ако чита од Мусхафот, не треба директно да го допира Мусхафот со голи раце. А Аллах најдобро знае!
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....