Малолетните не се должни да постат
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Прашање: Еселаму алејкум! Има уште десет дена од рамазан, па се прашувам што да правам, односно како да се приближам до Аллах, бидејќи не знам како да го читам Куранот на арапски? Имате ли некој совет за мене како да ги поминам ноќите во ибадет?
Одговор: Бисмиллахир-рахманир-рахим. Му благодариме на Аллах, мирот и благословот нека бидат над Аллаховиот Пратеник Мухамед, неговото семејство и прудружниците. Месецот рамазан е навистина време на изобилство на добрина која Возвишениот Аллах им ја дава на своите робови, посебно во последната третина чиишто денови и ноќи моментално ги доживуваме. Ова се ноќи со исклучителни вредности. Една од тие ноќи е Лејлатул Кадр. Таа е повредна од илјада месеци, па затоа и ибадетот во неа е подеднакво вреден.
Затоа Пратеникот ﷺ бил особено ревносен во извршувањето на ибадетите во последната третина од рамазан, на што го поттикнувал и своето семејство. Неговата чесна сопруга Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, рекла: „Аллаховиот Пратеник ﷺ во последните десет ноќи од рамазан би се трудел повеќе отколку во другите ноќи.“ (Сахих Муслим. број 1175) Природно е верникот да ги следи стапките на Пратеникот ﷺ во сè, па дури и кога се работи за посебната ревност во ибадетот во текот на последната третина од рамазан. Иако, се разбира, треба да се трудиме да правиме што повеќе ибадет во текот на целата година. Вистина е дека Рамазан е месец на Куранот, кога верниците треба да посветат посебно внимание на учењето на Аллаховата книга и на размислувањето за нејзините ајети. За секој искажан харф (буква), верникот ќе биде награден со десет севапи. Ти советувам веднаш да почнеш да ја учиш суфарата, па ако се потрудиш, ќе ти бидат доволни петнаесет дена да завршиш, тогаш ќе ги научиш основите на теџвидот и ќе почнеш да го рецитираш Куранот, така што, со помош на Аллах, следниот Рамазан ќе го дочекаш како вешт рецитатор на Куранот. Во Двата сахиха – од Бухари и Муслим – се пренесува од Аиша, Аллах нека биде задоволен со неа, дека Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Оној кој вешто го рецитира Куранот, ќе биде во друштвото на благородните и доблесни мелеци писари, додека оној што го рецитира Куранот, паузира и чувствува тешкотии додека го прави тоа, му припаѓаат две награди: едната награда за рецитирањето на Куранот, а другата награда за тешкотијата што ја чувствува рецитаторот“. Сепак, тоа не значи дека рецитирањето на Куранот е единствениот чин на ибадет и единственото нешто во кое верникот може да ги помине овие неизмерно вредни ноќи, па затоа како пример ќе ти наведам неколку:
Размислување за куранските ајети
Додека не научиш да го рецитираш Куранот на арапски, читај го преводот и размислувај за тоа што го читаш за да земеш поука, затоа што размислувањето за Аллаховите ајети е ибадет. Возвишениот Аллах рекол: „Книгата која ти ја објавуваме е благословена, за тие да размислат за зборовите нејзини и за тие што се обдарени со разум да примат поука.“ (Куран, 38:29).
Намаз
Извршувај ги фарзовите во џемат, присуствувај на теравија и ноќните намази доколку тоа се практикува во твојот џемат. Дома, во текот на ноќта, можеш сам да го клањаш ноќниот намаз, рецитирајќи ги бавно оние сури кои ги знаеш за да ти биде стоењето (кијамот) подолго, потоа, исто толку долго и полека, извршувај ги и другите рукнови од намазот, особено остани во сеџда и во неа упатувај дови до Аллах, на твој јазик, барајќи ги Неговите благодати, здравје, истрајност на правиот пат, милост, прошка и секое друго добро.
Дова
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Пратеникот ﷺ рекол: „Аллах се лути на оној што ништо не бара од Него.“ (Муснеду Ахмед 2/442, Ал-Едебул-муфред, ел-Бухари, број 658) Се пренесува од Нуман ибн Башир, Аллах нека е задоволен со него, дека рекол: „Го слушнав Божјиот Пратеник ﷺ како вели: ,Довата е ибадет‘, а потоа го рецитираше ајетот: ,Господарот ваш рече: Повикајте Ме и замолете, Јас ќе ви се одѕвијам! Тие што од вообразеност не сакаат да Ме обожуваат – сигурно понижени ќе влезат во Џехенем.‘ (Куран, 40:60)“ (Суненут-Тирмизи, 5/374). Се пренесува од Џабир, Аллах нека е задоволен со него, дека Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Во секоја ноќ има одредено време, доколку робот муслиман го помине во молитва и барајќи од Аллах некое добро, Тој сигурно ќе му го даде.“ (Сахих Муслим, 6/36)
Салават
Возвишениот Аллах рекол: „Аллах и мелеците Негови го благословуваат Веровесникот. О, верници, благословувајте го и вие и праќајте му поздрав!“ (Куран, 33:56) Од Енес б. Малик, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Кој ќе испрати еден поздрав (салават) до мене, Аллах ќе испрати десет поздрави до него, ќе поништи негови десет лоши дела и ќе го подигне за десет степени.“ (Муснеду Ахмед, Суненун-Несаи. Албани го оценил како сахих.) Од Ебу Дарда, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол: „Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: ,Зголемете ги поздравите до мене во петок, бидејќи тој е познат, мелеците сведочат за него. Навистина, никој нема да ми испрати поздрав без да ми биде испорачан неговиот поздрав веднаш штом ќе се одвои од него.‘ Реков: ,А по смртта?‘ Тој рече: ,Навистина Аллах ѝ забранил на земјата да ги јаде телата на пратениците.‘“ (Сунен Ибн Маџе) Каб ибн Уџра рекол: „Беше речено: ,Аллахов Пратенику, знаеме дека треба да испраќаме поздрави до тебе, но како да го правиме тоа?‘ Тој рече: ,Кажете: Аллахумме салли ала Мухаммедин ве ала али Мухаммедин кема саллејте ала Ибрахиме веала али Ибрахиме, иннеке хамидум-меџид. Аллахум барик ала Мухаммедин ве ала али Мухаммедин кема баректе ала Ибрахиме ве ала али Ибрахиме, иннеке хамидум-меџид!‘“ (Сахихул-Бухари) Придобивките од испраќањето поздрави до Аллаховиот Пратеник ﷺ се многубројни, а некои од нив се видливи од горенаведените докази.
Зикр
Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Два збора се лесни за јазикот за изговарање, но се тешки за Мизанот (Вагата) и се драги на Милостивиот: ,Субханаллахи ве би хамдихи, субханаллахил-Азим.‘“ Пратеникот ﷺ рекол: „Кој ќе каже: ,субханаллахи ве би хамдихи‘ стопати во еден ден, ќе му бидат простени гревовите, дури и да се како пена од морето.“ (Сахихул-Бухари) Пратеникот ﷺ рекол: „Кој ќе каже ,ла илаха илаллаху вехдеху ла шерике лех, лехул-мулку ве лахул-хамду, ве хуве ала кулли шеј ин кадир‘ стопати секој ден – има вредност за него како да ослободил десет робови, ќе му се запишат сто добри дела, ќе му се избришат сто гревови, а тој ден до ноќта ќе му биде штит од шејтанот, и никој не направил нешто подобро, освен човекот кој направил повеќе од него.“ (Сахих Муслим) Пратеникот ﷺ рекол: „Човекот не може да направи за себе работа покорисна од зикрот за да се спаси од Аллаховата казна.“ (Муснеду Ахмед)
Истигфар
Пратеникот ﷺ рекол: „Кој сака да биде среќен со листовите на неговите дела на Судниот ден, нека прави истигфар што е можно повеќе.“ (Суненул-Бејхеки). Аллаховиот Пратеникот ﷺ рекол „Шејтанот рекол: ,Господару, се колнам во Твојата величина, нема да престанам да ги заведувам Твоите робови сè додека нивните души не ги напуштат телата.‘ А Аллах на тоа му рекол: ,Се колнам во Мојата моќ и величина, нема да престанам да им простувам сè додека тие бараат прошка.‘“ (Муснеду Ахмед) Ова се само неколку примери, а има уште многу дови и зикрови кои ги поучувал и препорачал Пратеникот ﷺ. Абдулах Насуп
Обврската не важи за тројца: за слабоумниот додека не закрепне, за оној што спие додека не се разбуди и за малолетникот додека не стане полнолетен....
Месецот рамазан треба да внесе радост во душите на нашите најмлади, тие да ја почувствуваат атмосферата на верба во Рамазан, доаѓањето на драгиот гостин, можноста да се натпреваруваат во правење добри...
Кратко потсетување да се проверите дали сте на вистинскиот пат до успешен рамазан ...
Еден од најголемите мотиви што може да ни помогне максимално да го искористиме благословеното време на рамазан е чувството дека рамазанот е можност која можеби нема да ни се врати повторно, ниту пак ќ...
Рамазан е еден од најважните месеци за муслиманите. Тоа е време кога ги зголемуваме ибадетите, духовното чистење и правењето други добри дела....