Бакнување на Црниот камен
Абис б. Ребиа вели: „Го видов Омер б. Хатаб, радијаллаху анху, како го бакнува Црниот камен велејќи: „Да не го видов Аллаховиот Пратеник ﷺ како те бакнува, немаше да те бакнам!“
Мутефекун алејхи
Абис б. Ребиа вели: „Го видов Омер б. Хатаб, радијаллаху анху, како го бакнува Црниот камен велејќи: „Да не го видов Аллаховиот Пратеник ﷺ како те бакнува, немаше да те бакнам!“
Мутефекун алејхи
Пратеник, кој Аллаховите јасни ајети ви ги кажува, за од темнини на светлина да ги изведе тие што веруваат и што прават добри дела.
Оној кој се труди да им помогне на муслиманите и од нив, според своите можности, ги отстранува неволјите, грижите и проблемте и им го олеснува животот на дуњалукот, нека знае дека се наоѓа на патот кој води кон простување на гревовите. Пратеникот ﷺ рекол: „Во една прилика некој муслиман на патот наишол на трн и рекол: ,Ќе го отстранам од овде за да не му наштети на муслиманот‘, па поради тоа му е простено.“ (Бухари, Едебул-муфред, бр. 229)
Абдулах б. Амр б. Ас, радијаллаху анху, рекол: „Аллаховиот Пратеник ﷺ не бил непристоен ниту бесрамен, и имал обичај да вели: ,Најдобрите од вас се оние кои имаат најубав морал.‘“ Мутефекун алејхи.
Хасан ел-Басри рекол: „Кога луѓето го покажуваат своето знаење, а ги забораваат своите дела, кога сакаат на збор а мразат во срцето и кога ги прекинуваат роднинските врски, Возвишениот Аллах врз нив фрла проклетство и ги прави глуви и слепи.“
Мухамед б. Касим рекол: „Кога заминувавме од имамот Малик, тој би ни велел: „Плашете се од Аллах и ширете го ова знаење, подучувајте ги другите и немојте да го премолчувате.“ (Џамиу бејанил-илм, 1/492)
Ебу Дерда, радијаллаху анху, пренесува дека Пратеникот ﷺ рекол: „На Судниот ден на вагата на верниците нема да има ништо потешко од убавото однесување. Навистина Аллах го мрази човекот кој е развратен и чиј говор е бесрамен.“ (Хадисот го пренесува Тирмизи, 2002.)
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, рекол: „Аллаховиот Пратеник ﷺ бил запрашан за тоа што најмногу ќе ги внесува луѓето во Џенет, па рекол: ,Богобојазливоста и убавото однесување‘. Потоа бил запрашан: ,Што најмногу ќе ги внесува луѓето во Оганот?‘, па одговорил: ,Устата и половиот орган.‘“ (Хадисот го пренесува Тирмизи, 2004.)
Верувањето во Судниот ден спаѓа во најважните прашања со кои дошле пратениците и за кои зборуваат објавените книги. Нема ниеден веровесник, а својот народ да не го потсетил на Судниот ден. Верувањето во Суднот ден е една од шесте основи на исламското верување. Во хадисот на Џибрил, алејхис-селам, се наведува дека Џибрил го прашал Пратеникот ﷺ: „Извести ме за иманот?“ Пратеникот ﷺ рекол: „Иман е да веруваш во Аллах, во Неговите мелеци, во Неговите книги, во Неговите пратеници, во Судниот ден и да веруваш во одредбата на доброто и злото.“ (Муслим)
Возвишениот Аллах вели: „О, луѓе, плашете се од Господарот свој! Навистина, кога Крајот нa светот ќе настапи, потресот ќе биде големо случување! На Денот кога ќе го видите вие, секоја доилка тоа што го дои ќе го заборави, а секоја трудница својот плод ќе го изгуби и ти ќе ги видиш луѓето пијани, а тие нема да бидат пијани, туку Аллаховата казна ќе биде жестока!“ (Куран, 22:1-2)
Оваа брошура е мошне популарна подари едноставиот и концизен пристап кон темата: „Што вели Библијата за Мухаммед ﷺ“.
Читај