Бисмиллах...

Верата е совет

Kои дови најчесто се примени?

Ебу Умаме, радијаллаху анху, кажува: „Некој праша: 'Аллахов Пратенику с.а.в.с., кои дови најчесто се примени?' Тој рече: 'Оние кои се упатуваат во последниот дел од ноќта и оние кои се упатуваат по пропишаните намази.'“ (Хасен)

Господару наш, подари ни искреност и исполни ги нашите срца со богобојазливост

Немој да бидеш од оние кои другите ги повикуваат во Џенет, па кога тие ќе се населат во Џенет, нема да те најдат таму.

Немој да бидеш од оние кои другите ги предупредуваат и одвраќаат од Огнот, а на Судниот ден да бидеш меѓу првите кои ќе влезат во Џехенем.

Господару наш, подари ни искреност и исполни ги нашите срца со богобојазливост. Амин

Два збора се лесни за јазикот, тешки на вагата, а драги на Милостивиот

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, исто така пренесува дека Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Два збора се лесни за јазикот, тешки на вагата, а драги на Милостивиот. Тоа се: ,Субханаллахил-Азим, субханаллахи ве би хамдих! – Слава му на Аллах, Величествениот, слава му на Аллах, Величествениот, и фала Нему!“ (сахих)

Ризницата на џенетските ризници!

Ебу Муса ел-Ешари, радијаллаху анху, рекол: „Бевме со Аллаховиот Пратеник ﷺ во еден воен поход. Кога се враќавме и ја здогледавме Медина, некои луѓе громогласно изговорија текбир, а Аллаховиот Пратеник ﷺ им рече: ,Аллах не е глув ниту отсутен, Тој е помеѓу вас и главите на вашите животни за јавање!‘ Тогаш извикна: ,О, Абдулах, сине Кајсов, сакаш ли да те научам за ризницата на џенетските ризници! Тоа се зборовите – Ла хавле ве ла куввете илла биллах! – Силата и моќта му припаѓаат само на Аллах!‘“ (сахих)

Ако гледаш дека луѓето се восхитуваат од тебе

Ако гледаш дека луѓето се восхитуваат од тебе, знај дека се восхитени од убавото што Аллах го открил кај тебе, а не знаат за она што е грдо и што не чини, кое Аллах ти го сокрил. Затоа биди Му благодарен на Аллах и не паѓај во самозалажување.

Квалитетното воспитание е секогаш скапо и бара многу

Кога ги воспитуваме децата за добро и за големи работи, мораме да бидеме трпеливи и да ја платиме цената за тоа. Квалитетното воспитание е секогаш скапо и бара многу, а распуштеноста е едноставна, а понекогаш и пријатна.

Гледајте го оној кој е под вас, а не оној кој е над вас

Понекогаш човекот неисправно ги разбира Аллаховите благодети, дури и ги омаловажува кога ги споредува со благодетите кои им се дадени на другите луѓе. Пратеникот ﷺ рекол: „Гледајте го оној кој е под вас, а не оној кој е над вас, така ќе знаете да ги цените Аллаховите благодети и нема да ги омаловажувате.“

Верникот со својата остроумност и зрело размислување ги согледува Аллаховите благодети околу себе.

Верникот со својата остроумност и зрело размислување ги согледува Аллаховите благодети околу себе. Возвишениот Аллах, опишувајќи ја состојбата на верниците чиишто добри дела ќе бидат примени, вели: „Господару мој, упати ме да Ти бидам благодарен на Твојата благодeт, која што си ми ја подарил мене и на моите родители, и да правам добро со коешто си Ти задоволен, и направи ги добри потомците мои! Јас навистина пред Тебе се покајувам и јас сум муслиман, предаден на Тебе.“ (Куран, 46:15)

Аллаховите благодети кон луѓето се многубројни и не можат да се опфатат, постојани се и не можат да се исцрпат

Аллаховите благодети кон луѓето се многубројни и не можат да се опфатат, постојани се и не можат да се исцрпат. Возвишениот вели: „Аллах е Создателот на небесата и на Земјата; Тој го спушта дождот од небото и прави со негова помош да се раѓаат плодови со кои се храните; и ви дава да имате корист од бродовите кои пловат по морето со Негова волја, и ви дава да имате корист од реките, и ви дава да имате корист од Сонцето и од Месечината, кои постојано се движат, и ви дава да имате корист од ноќта и денот; и ви дава од сето тоа што од Него го барате, и кога би ги броеле Аллаховите благодати, не би

Бесплатна Книга

Што вели Библијата за Мухаммед ﷺ

Ахмед Дидат

Оваа брошура е мошне популарна подари едноставиот и концизен пристап кон темата: „Што вели Библијата за Мухаммед ﷺ“.

Читај