Бисмиллах...

Верата е совет

Најголема Аллахова наредба е тевхид- обожување и клањање само Нему

Најголема Аллахова наредба е тевхид- обожување и клањање само Нему, Славен нека е Он и нека се свети Неговите имиња, а најголема Негова забрана е ширкот- препишување други Нему. „Кажи: „Клањањето мое, и обредите мои, и животот мој, и смртта моја, навистина Му се посветени на Аллах, Господарот на световите,Кој нема соучесник; тоа ми е наредено и јас сум првиот муслиман.“ (Куран, 6:162-163)

Зависноста на луѓето од Возвишениот Аллах

Зависноста на луѓето од Возвишениот Аллах се манифестира на различни начини и речиси во сите животни аспекти, но сепак еден вид на зависност (потреба) посебно се издвојува и има посебна важност, големина и вредност, и се издигнува над сите телесни задоволства, а тоа е зависноста од Аллаховото простување, покривањето на срамовите, чистењето на срцето и отворањето на вратата на покајанието.

Дова за заштита од тага и грижа

Од Пратениковите дови, кои чуваат и штитат од грижата и тагата пред да се случат, се неговите зборови: „Аллахумме инни еузу бике минел-хемми вел-хазени, ве еузу бике минел-аџзи вел-кесели, ве еузу бике минел-џубни вел-бухли, ве еузу бике мин галебетид-дејни ве кахрир-риџали.“ (Во превод: Аллаху мој, барам засолниште кај тебе од грижата и тагата, и барам засолниште кај тебе од немоќта и мрзеливоста, и барам засолниште кај тебе од оптовареноста со долг и потчинетост кон луѓето.)

Сабур

Момент на трпение при момент на лутина спречува илјада моменти на каење. (Али б. Ебу Талиб-радијаллаху анху)

Да се биде верник не значи да се биде непогрешлив

Верникот потклекнува и греши, но неговата сила е во враќањето кај Аллах. Секогаш се кае по гревот и тропа на вратата на простувањето, бидејќи знае дека неговиот Господар е над сите милостив, дека ги простува гревовите и ги сака оние што се каат.

Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господарот на световите!

Возвишениот Господар ги создал суштествата со Својата моќ, знаење, мудрост и благодат, и го создал овој огромен космос и му одредил рок до кој ќе трае, а кој нема да го надмине, и ги создал во овој видлив свет причините и што ќе се случи како резултат на тие причини. Тој е Создателот на причината и последицата. Што Тој сака, ќе биде, а што Тој не сака, нема да биде. Семоќниот Аллах вели: „Аллах е Создател на сè и Тој управува со сè, кај Него се клучевите на небесата и Земјата! А тие што не веруваат во Аллаховите докази, тие ќе бидат страдалници!“ (Куран, 39:62-63) И кажува, славен нека е: „Сам

Никој од вас нема да влезе во Џенет со своите дела

Во двата Сахиха се пренесува дека Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: „Стремете се кон вистинскиот пат или блиску до него и радувајте се на Аллаховата награда и знајте дека никој од вас нема да влезе во Џенет со своите дела.“ „А дури ни ти, Аллахов Пратенику?“ – прашале. Пратеникот ﷺ рекол: „Дури ни јас, ако Аллах не ме опсипе со својата милост“. Знајте дека најдобрата работа е онаа што се работи истрајно, макар и да е мала.

Кој во својот ибадет воведе ријалук (преправање)

Кој во својот ибадет воведе ријалук (преправање), или желба за фалење и углед, неговиот ибадет нема да биде примен кај Аллах и од него ќе има само замор и напор. Возвишениот во хадис-и-кудсиј рекол: „Јас сум најнезависен од тоа некој да Ми припишува друг како содружник. Кој ќе направи некое дело, а во него Ми припише содружник, ќе го оставам и него и оној што ми го припишал.“

Не тагувај за она што ќе ти избегне

Ибн Месуд, радијаллаху анху, рекол: „Понекогаш човекот се насочува кон одредена работа во трговијата или позиција во власта додека не успее во својот план. Тогаш над седумте небеса Возвишениот Аллах го погледнувa и им вели на мелеците: „Отстранете го од таа работа, бидејќи ако му олеснам и му дозволам да оди по тој пат, ќе го одведам во Огнот!“ И Аллах го одвраќа од она што го правел. Потоа, песимизмот го обзема човекот и тој вели: „Ме престигна, тој победи, а јас не“, а тоа не е ништо друго освен ГОЛЕМА АЛАХОВА БЛАГОДЕТ КОН НЕГО. (Лалекаи, Шерх усулул и’тикад, 4/740)

Имајте целосна и несомнена доверба во својот Господар!

Кога твојот Господар сакаше да го спаси Јусуф а.с. од затвор не пратил гром да ја скрши вратата од затворската ќелија, туку му пратил соништа на тогашниот египетски крал. Затоа, имајте целосна и несомнена доверба во својот Господар!

Бесплатна Книга

Еден ден во куќата на Божјиот пратеник ﷺ

Абдул Мелик Ел Касим

Доволно е да проживееме еден ден во куќата на пратеникот Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, да извлечеме поуки и инспирации и да ги просветлиме нашите зборови и дела.

Читај