Бисмиллах...

Верата е совет

Аллах ги прифаќа само оние дела кои се прават искрено заради Него и со нив се посакува Неговото лице

Искреноста кон Аллах, во секое дело, е основен услов за негово прифаќање кај Аллах. Аллах е Независен и Моќен и не прифаќа дело кое не го бара Неговото задоволство. Пратеникот ﷺ рекол: „Аллах ги прифаќа само оние дела кои се прават искрено заради Него и со нив се посакува Неговото лице.“ (Ебу Давуд)

Најчесниот од вас кај Аллах е оној кој најмногу се плаши од Негo.

Колку познати луѓе на Земјата се непознати на небото, а колку непознати луѓе на Земјата се познати на Небото! Мерката е во богоплашливоста, а не во дуњалучкита сила и моќ. „Најчесниот од вас кај Аллах е оној кој најмногу се плаши од Негo.“

Аллаху, Те молам за упатство на вистинскиот пат, богобојазност, чесност и независност од луѓето!

Корисна и благословена дова што е убаво да се практикува! Од Абдулах, радијаллаху анху, се пренесува дека Пратеникот ﷺ молел: „Аллахумме инни еселукел-худа вет-тука вел-афафе вел-гина! - Аллаху, Те молам за упатство на вистинскиот пат, богобојазност, чесност и независност од луѓето!“ (сахих)

Куранска Дова

„Упати нè на Вистинскиот пат. На патот на тие врз коишто Твојата благодат ја разлеа, а не на патот на тие врз коишто гневот Свој го разлеа и на тие што во заблуда скршнаа!“

Бесплатна Книга

Библиските учења на Исус Христос кои се оживеани во исламот

Маџид С. Ер-Реси

Оваа книга му докажува на искрениот читател дека Исус укажал на доаѓањето на Пратеникот Мухаммед, и дека Мухаммед оживеал многу од учењата на Исус.

Читај