Дуњалукот заминува од тебе, без разлика дали ти го сакаш тоа или не, а ахиретот доаѓа да се сретне со тебе
Знај, човеку, дека твојата вечна, постојана куќа, е онаа што е пред тебе, која ќе ја населиш по смртта, па блазе си ти ако ја украсиш со своите добри дела, а тешко тебе ако се задоволиш со овој свет и заборавиш на ахиретот. Дуњалукот заминува од тебе, без разлика дали ти го сакаш тоа или не, а ахиретот доаѓа да се сретне со тебе, онаков каков што си ти и со сè што си подготвил, и тој никогаш нема да те напушти.