Бисмиллах...

Верата е совет

Постојано барање прошка

Иако треба постојано да правиме тевба, особено е важно да ги искористиме овие мубарек денови и да правиме покајание колку што е можно повеќе за да ги свртиме нашите срца кон ибадетот. Потребно е да упатуваме многу дови, не заборавајќи на браќата, роднините, пријателите, а посебна дова треба да упатиме за состојбата на уметот.

Чесниот Куран е душата, силата, опстанокот, гордоста и среќата на уметот

Чесниот Куран е душата, силата, опстанокот, гордоста и среќата на уметот. Возвишениот вели: „Овој Куран води кон единиот исправен пат, и на верниците кои прават добри дела им носи радосна вест, дека ги чека награда голема.“ (Куран, 17:9)

Дали се грижеме за нашите или туѓите дела?

Колку повеќе се грижите за постапките на другите – имате помалку време да работите на себе, да ги преиспитувате вашите постапки, да ги следите скриените ниети на вашата душа и срце! Господару, подобри ја нашата состојба, прочисти ги нашите ниети, направи нè корисни членови на муслиманската заедница. Амин!

Возвишениот Аллах ги одликувал побожните со Својата поддршка и помош и ги дарувал со Својата љубов.

Возвишениот Аллах ги одликувал побожните со Својата поддршка и помош и ги дарувал со Својата љубов. „Меѓутоа, кој си ја исполнува својата должност и ги избегнува гревовите, па Аллах навистина ги сака богобојазливите.“ (Куран, 3:76). Катаде рекол: „Кој се плаши од Аллах, Аллах ќе биде со него, а оној со кого е Аллах, никој не може да го победи. Тој е негов чувар, кој никогаш не спие и водич кој никогаш нема да го однесе на погрешен пат“.

Кој ќе му помогне на својот брат кога ќе му биде потребно и Аллах нему ќе му помогне

Пратеникот ﷺ рекол: „Кој ќе му помогне на својот брат кога ќе му биде потребно и Аллах нему ќе му помогне...“ (Муслим) Правата и вистинска среќа не е во натрупувањето на богатство и градењето на замоци, ниту во купувањето на облека и автомобили, туку вистинска среќа е да внесеш радост и среќа во срцата на другите луѓе.

И се колнам во Господарот твој, сите нив на одговорност ќе ги повикаме

Мојот и твојот ахиретски испит од ден на ден е сè поблиску! Денес си слободен да работиш, а веќе утре ќе одговараш. „И се колнам во Господарот твој, сите нив на одговорност ќе ги повикаме.“ (Куран, 15:92)

Kој ислам е најдобар?

Прашан е Аллаховиот Пратеник ﷺ : Кој ислам е најдобар? Тој одговорил: „Да нахраниш некого и да му кажеш селам на оној што го знаеш и на оној што не го познаваш.“ Блазе тебе, О, ти што својот живот го посветуваш на хранење и помагање на другите луѓе!

За прекумерната грижа и вознемиреност

Нашата возвишена вера нè учи дека прекумерната грижа и вознемиреност претставуваат директна опасност за исламскиот умет и неговата продуктивност. Најдобро е муслиманското општество да го започне својот ден со радосни вести, оптимизам и надеж, за неговите членови да го искористат своето време на најпродуктивен начин и да ја спречат пасивноста и безнадежноста пред да се појават.

Размислувањето за доброто води кон неговото правење, а каењето од злото води кон неговото напуштање

Размислувањето за доброто и преокупираноста со позитивни мисли може да биде поттик да се направи и постигне добро. Се пренесува од Ибн Абас, радијаллаху анхума, дека рекол: „Размислувањето за доброто води кон неговото правење, а каењето од злото води кон неговото напуштање“. Наспроти тоа, човекот е должен да се кае и да се жали за направеното лошо дело, а тоа треба да го одврати од правењето гревови и лоши работи.

Мухаммед а.с. никогаш не се осветувал никому, туку простувал!

Него во Таиф го гаѓале со камења и го одбиле со многу сарказам. Но, кога Мелекот задолжен за ридот предложил да ги уништи, тој го одбил тоа. Тој никогаш не се осветувал никому, туку простувал! Навистина, Пратеникот ﷺ е милост за сите светови.

Бесплатна Книга

Куран

Аллах џ.ш.

Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот! Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.

Читај