Човек кој има авторитет, моќ и власт не мора да значи дека е разумен, паметен и културен во исто време
Човек кој има авторитет, моќ и власт не мора да значи дека е разумен, паметен и културен во исто време. Ова можеме да го потврдиме со тоа што ќе го кажеме за народот на Шуајб. Имено, богатите и угледните од неговиот народ, иако заземале висока позиција, не го разбирале говорот на Шуајб, а самиот Шуајб, и покрај мудроста и знаењето што ги поседувал, не ја стекнал нивната почит, иако ја почитувале лозата од која потекнувал. „О Шуајбе“, рекоа тие, „не разбираме многу од тоа што го кажуваш и гледаме дека си беден меѓу нас; да не беше твоето семејство, ќе те каменувавме, не ни си драг“. (Куран, 11:...